Донација за охридската противпожарна единица

Охридската противпожарна единица ќе добие нова опрема за справување со огнените стихии. Тоа ќе ја подобри ефикасноста на пожарникарите.

 |  Ристо Јакимовски  | 
logo
лого

Охридската противпожарна единица ќе добие нова опрема за справување со огнените стихии. Тоа ќе ја подобри ефикасноста на пожарникарите.

Потпишан меморандум, со кој се предвидува донација за охридската противпожарна единица. Таа ќе биде во  вредност од 300 000 евра. Предвидено е да се достави, комплетно опремено современо противпожарно возило и лична опрема за пожарникарите.

pozarnaОпремата се очекува да биде доставена во текот на месец мај. Тогаш би требало да започне и обука на персоналот за ракување со новата опрема, како и вежби за справување со пожари од поголеми размери. Обуката ќе биде финансирана од донаторот на опремата.

Како потсетување минатата година во Охрид се случиле 252 пожари од кои 181 биле во градот, а остананатите во околината на Охрид. Според портпаролот на градоначалникот Никола Манески, во иднина се очекува кризниот штаб да изготви проек со кој ќе се обединат ППЕ  на општините во републиката.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top