Донација за децата со специјални потреби

Децата со специјални потреби од Св.Климент Охридски добија музички инструменти.

 |  Валентина Нелоска  | 
igracka
играчка

Трите паралеки со околу 15 -тина деца со посебни потреби од основното училиште Св „Климент Охридски“ добија ксилофони, блок-флејти, ударалки. Децата ја сакаат убавата  музика,  а посебно позитивната  која ги развеселува вели педагогот од ова училиште Лидија Размоска.   

Координаторот за млади од  Црвениот крст-Охрид, упати благодарност до сите кои го посетија концертот,  и со купената влезница  ја нахранија душата со хуманост и убава музика испоплнета од баритонот, Борис Трајанов и   мандолинскиот оркестар на Рамадан Шукри. Анета Јованоска Црвен крст  Охрид истакна дека се задоволни од постигнатото иако очекувале повеќе публика, но за почеток и тоа е доволно. Покрај децата со посебни потреби дел о дсредтсват се наменти за Јован  Колоски кој се наоѓа на лекување во специјалната болница Св Еразмо Охридски.    

donacijaКонцертот на локaлно ниво се одржа во соработка со Црвениот крст- Охрид  и Центарот за култура „Григор Прличев“. Од центарот потенцираат дека продолжуваат и понатака со организирање на слични хуманитарни концерти, истакна  Илче Климоски ЦК „Григор Прличев“.

Концертот на светски познатиот, македонски баритон  Борис Трајанов во придружба на мандолинскиот оркестар  Рамадан Шукри беше  организиран од министерството  за култура и министерството за образование и наука.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top