Стручни екипи oд Центарот за јавно здравје доаѓаат кај пациентите на кои треба да им се земе брис од нос, грло, уринокултура или треба да им се направат други микробиолошки испитувања, кои се немоќни, болни или хендикепирани. Со оваа акција опфатени се и трудниците кои имаат ризична бременост.
За ваквата домашна посета пациентите не плаќаат никаков дополнителен надомест, само партиципацијата која се плаќа за направената анализа и при посета на центарот.
Граѓаните кои се немоќни, болни или хендикепирани, а имаат потреба од анализи кои се прават во Центарот за јавно здравје, оваа услуга можат да ја добијат во домашни услови. Стручни екипи oд центарот доаѓаат кај пациентите на кои треба да им се земе брис од нос, грло, уринокултура или треба да им се направат други микробиолошки испитувања. Со оваа акција опфатени се и трудниците кои имаат ризична бременост или некоја друга причина па не се во можност да го посетат Центарот за јавно здравје.
Корисно е во овај временски период кога навистина е студено, кога има снег и кога лицата кои имаат проблеми, а не можат да не посетат. Очекуваме граѓаните слободно да се јават. Ние им стоиме на услуга која ќе биде навистина на ниво, вели Сашо Точков- директор на ЦЗЈЗ.
Пациентите можат да се јават на броевите 046 231 030 или 078 488 255, да информираат кои анализи треба да им се направат, која е адресата на живеење и во кое време сакаат екипите од центарот да ги посетат. Пациентите треба ад имаат само упат од матичен лекар и здравствено осигурување. За ваквата домашна посета не плаќаат никаков дополнителен надомест, само партиципацијата која се плаќа за направената анализа и при посета на центарот.
Сакаме да ги исклучиме да нема злоупотреба на оваа наша иницијатива. Сите оние кои што можат да дојдат во амбулантите на центарорт за јавно здравје да го сторат тоа, но оние кои навистина се чуствуваат немоќно ние тоа ќе го направиме во нивните домови, вели Точков.
Оваа акција започнала од минатата година кога интересот на граѓаните бил задоволителен. Оваа година се очекува да има поголем број јавувања бидејќи граѓаните се поинформирани за можноста која им се нуди.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град