Дом за стари лица во Охрид, се поизвесен

Охрид има бројни  градби почнувајќи од болници, хотели, одморалишта, но нема Дом за стари лица. Брзото темпо на живот и современиот начин на живеење ја налагаат потребата од изградба на современ дом за сместување на старите лица.

 |  Валентина Неловска  | 
stari lica
стари лица

penzioneriОхрид има бројни  градби почнувајќи од болници, хотели, одморалишта, но нема Дом за стари лица. Брзото темпо на живот и современиот начин на живеење ја налагаат потребата од изградба на современ дом за сместување на старите лица.
Приоритет за подигање на ваков објект е и на Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца.
Тоа стои и во трилатералната спогодба помеѓу градоначалниците од Охрид и Дебрца и Здружението.  Од изјавите на охридскиот градоначалник  Александар Петрески се поизвесно е дека Охрид конечно ќе добие дом за стари лица вели Ѓорѓи Трпчески, претседател на Здружението на Пензионери од Охрид и Дебрца. Иницијативата за градба на ваков објект наскоро ќе биде ставена на дневен ред на советот, нагласува Трпчески. Открива дека е зацртана  и локацијата на самиот охридски брег во населбата Далјан, а ќе се гради со Швајцарска донација. Началникот на урбанизам не информира дека локацијата е зацртана на брегот од Охридското езеро и е доставено барање за одобрение од  Министерството за транспорт и врски по кое  треба наскоро да се произнесе истакнува Трпчески. Од таму очекуваме позитивен одговор  за овој мошне важен објект кој ќе биде привлечен за користење на старите лица не само од регионот туку и пошироко додава претседателот на Здружението.
Засега сместувањето на старите лица од Охрид се врши единствено во геријатриското одделение при Општа болница Охрид кое располага со 30 кревети. Додека пак во Пензионерскиот  дом има место само за 8 лица.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top