Долгот на општина Охрид е речиси 296 милиони денари

За граѓаните достапна е физибилити анализата за оценка на оправданоста за долгорочно задолжување на општината, односно за издржливоста на одлуката за раздолжување по пат на кредитно задолжување од деловна банка.

 |   | 

Вкупниот тековен долг на општина Охрид, заклучно со 31-ви март годинава изнесува 295,753,912.00 денари, кој се состои од камати,главници заедно со процесни и извршни трошоци. Добар дел од обврските ги сочинуваат и затезните камати на доспеан долг, како и трансакциски и извршни трошоци.

Во финансиската анализа предвидени се две сценарија за отплата на долгот: :подигнување на банкарски кредит со рок на отплата 10 години, максимална годишна камата од 5% и две години грејс период или сопствена отплата на долг според можностите на општината, исто така на период од 10 години.

– Од споредбата на двете сценарија евидентна е финансиската валуација и разлика на двете сценарија. При брза отплата на долгот преку доглорочен банкарски заем со грејс период од две години се заштедуваат скоро 66 милиониденари,или просечно околу 6.6 милиони денари годишно.Ова е значаен буџет за општина Охрид за финансирање на разни стратешки проекти и иницијативи. Преку елиминирање на сите доспеани обврски,уште во текот на третиот квартал на 2021 година,Основниот Суд во Охрид ќе ја запре одлуката за блокирање на општината, стои во физибилити анализата.

Граѓаните, своите ставови, мислења и предлози може да ги достават во електронски формат на официјалната електронска адреса на Секторот за финансиски прашања finance@ohrid.gov.mk најдоцна до 19-ти јули. Јули 2021 година.

На 20-ти јули со почеток во 12:00 часот во големата сала на општина Охрид ќе се одржи јавна расправа на која ќе се дискутира за придобивките и ризиците од ваквиот начин на раздолжување дадени во објавената физибилити анализа како и заедничко разгледување на мислењата и сугестиите доставени од граѓаните. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top