Долги паузи и недосработени обврски

Долги паузи и недосработени обврски, е епилогот на денешната шаста седница на советот.

Pretsedatel
Претседател

Долги паузи и недосработени обврски, е епилогот на денешната шаста седница на советот.  

Крајот сепак наликуваше на детска недоверлива игра. Советниците изгласуваа, па негираа одредени точки од дневниот ред. Работата на секторот за локален економски развој, по кој знае кој пат ги скара советниците.

sednicaСо задоцнување од 1 час, кое веќе на совентиците им минува во навика, ја продолжија шестата седница на советот на Општина Охрид. Истата помина во релаксирана атмосвера, во која повеќе имаше паузи, отколку работа. Делокругот на работа на оваа седница се сведе на препукување и надмудрување помеѓу советниците на двете најбројни партии во советот. Градските избраници единствено согласни беа околу  точката која се однесуваше на изградба на споменик на Св. Наум Чудотворец, во центарот на градот. Исто така се донесе и одлука за формирање на иницијативен одбор, кој ќе работи околу изградбата на споменикот. Следна на дневен ред беше точката за    „Организација, делување и начин на извршување на општинската администрација“. Јованака Дамоска, од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, откако точката помина со 13 гласа за и 9 против, го обвини градоначалникот Петрески за преобемната администрација, која и покрај бројноста воопшто не е квалитетна.

На ова Градоначалникот Петрески со став дека бројноста на администарацијата во Општина Охрид е сосема во ред, земајќи ја во предвид фрекфенцијата на гости и бројот на настани во градот. Во прилог на реченото тој се осврна на споредба во работењето во Општина Кисела Вода, која по бројот на жители е подеднаква со Општина Охрид. .

На крајот од седницата,по кој знае кој пат, работата на секторот за локален економски развој, ги скара советниците. Предлог одлуката за  поттикнување и развој на туризмот, првично не помина кај градските избраници со 10 гласа ЗА и 12 ПРОТИВ. Работите се сменија по паузата која траеше цел час. По паузата,  Советникот од ВМРО Народна партија, Јоне Станкоски, рече дека се сомнева во броењето на гласовите и побара повторно да се гласа, поединечно. Ваквото пребројување на гласовите, делуваше на размислувањето на советниците, па тие го изменија својот став за одлуката. Потоа лесно и без двоумења и оваа точка од дневниот ред помина со 12 гласа ЗА и 9 ПРОТИВ. Прегласувањето ја наруши атмосверата за работа кај пратениците од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. Испровоцирани, тие побараа пауза од еден час. Претседателот на оваа пратеничка група, Борис Стефаноски, ни изјавува дека по паузата уредно се вратиле во општинските простории каде немало никого. Уредно и акаденски почекавме да се вратат  другите советници, меѓутоа немаше никого, па си отидовме, за да подоцна тие се соберат и самоволно и едногласно  одлучуваат по наредните точки од дневниот ред, обвинува Стефаноски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top