Од милионскиот долг кон Гранит на општина Охрид и остана да подмири уште 160.000 евра

Ова го изјави градоначалникот Петрески на вчера одржана јавна трибина за нацрт- фискалната стратегија и развојни програми на општината.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого

Ова го изјави градоначалникот Петрески на вчера одржана јавна трибина за нацрт- фискалната стратегија и развојни програми на општината.

160.000 евра е преостанатиот долг на општина Охрид кон кон ГП Гранит, изјави градоначалникот Петрески.  Наскоро планираме да ја платиме оваа сума, па со тоа во целост ќе биде подмирен долгот кон Гранит, кој пред 4 години изнесуваше 7, 5 милиони евра.  Градоначалникот е оптимист дека уште на почетокот на идната година, општината ќе ги исплати и сите преостанати наследени долгови. Со тоа, смета Петрески, општината ќе може да ги реализира зацртаните планови.

Тие се дел од развојната програма и Нацрт фискалната стратегија за кои вчеравечер се расправаше на организираната трибина. Присуствуваа граѓани, претставници на месни заедници, невладини организаци, како и одговорните лица во секторите при Локалната самоуправа.

javna tribina Најголеми се амбициите на Локалната власт во сферата на урбанизмот.  За идната година со развојната стратегија предвидено е интензивно донесување на урбанистички планови. За 2009 предвидени се 19. Предвиден е и анекс на ГУП.
Петрески задоволен од интензитетот со кој советот ги носи урбанистичките решенија.

Предвидени се и голем број инфраструктурни зафати. Меѓу нив, изградба на улична водоводна линија по Кеј Маршал Тито и Македонски просветители, на дел од Бул. Туристичка, Абас Емин, како и водоводен систем во селото Лескоец.  
За идната година, на охриѓани Локалната самоуправа им вети намалени давачки кон општината. 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top