Документацијата од некогашната детска болница е во Св Еразмо

Дел од документацијата од Специјалната детска болница после 7 години од затворањето на установата пренесени на чување во болницата „Св Еразмо“ која е нејзин правен наследник.

 |  Николоска Биљана  | 
detska bolnica
детска болница

detska bolnicaДокументацијата од некогашната Специјална детска болница, од пред три месеци се наоѓа во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“. После неколкуте прилози на ТВМ за состојбата во која се наоѓа документацијата и самиот објект на оваа болница надлежните од Државниот Архив на Р. Македонија, Подрачна единица Охрид, презеле мерки за средување на архивската граѓа која цели 6 години лежеше расфрлана по подовите на овој руиниран објект. Раководителот Илинка Јанева кажа дека наишле на големо разбирање од страна на директорот на болницата „Св Еразмо“, Митко Тилев.

„Веднаш за најкраток период формира комисија ги собра луѓето и со наши стручни работници отидовме во Детската болница. Но таму видовме хаос, руинирано, па подземни тунели па ги најдовме луѓето што уште крадеа таму. Се договоривме потполно документацијата да се собери да се пренесе во посебна просторија во Специјалната болница Св Еразмо. Тоа е направено“ – вели Јанева.

detska bolnicaЈанева нагласи дека физичката заштита на објектот заедно со се што е внатре во него е работа на надлежните органи.

„Не можев да ја гледам таа слика како можеше толку многу да се ископа подземни тунели, како можеше толку да се руинира зградата а таа беше една прекрасна зграда прекрасни простории и што е многу важно вработените во архивата и администрацијата беа одговорни и редовно доставуваа податоци кај нас за граѓата од трајна вредност и за документарниот материјал со рокови на нивно чување“ – додава таа.

Според Јанева, ниту една институција не требало да сноси одговорност за состојбата во која се наоѓаше документацијата од затворањето на болницата во 2007 год. до денес. Јанева признава дека бил направен, како што рече, еден мал пропуст, односно не била испочитувана законската обврска на имателот на документацијата истата да ја транспортира во Архивот. А за тоа што понатаму се случувало во објектот на поранешната детска болница виновни биле несовесните граѓани кои провалувале, кршеле и руинирале, додава Јанева.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top