• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Докторите и пациентите во општата болница во Охрид тврдат дека во болницата нема греење

Докторите и пациентите во општата болница во Охрид тврдат дека во болницата нема греење

Дел од докторите и пациентите во општата болница во Охрид тврдат дека во болницата нема греење. Директорот на оваа здравствена установа објаснува дека тоа е само од времен карактер и дека проблемот кој настанал е надминат па греење ќе има и во новиот и во стариот блок на болницата.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Некои од вработените во охридската Општа болница деновиве реагираа преку социјалните мрежи дека во болницата нема греење. На овие коментари се приклучија и некои пациенти кои биле на одделенијата во оваа здравствена установа потврдувајќи дека во болницата навистина е ладно. На некои одделенија пациентите си носеле кварцни печки од дома колку да замлачат малку во болничките соби.  Директорот на болницата Д-р Љубен Арнаудов објаснува дека тие се трудат во рамките на нивните можности да обезбедат греење во болницата потенцирајќи дека системот е стар и дотраен и дека често е подложен на дефекти. Единствено нов систем за греење има во новиот дел на болницата но таму дошло до друг проблем па затоа неколку дена греењето било намалено, кажува директорот.

Се соочивме со еден дефект на челерите. Тоа се системи кои овозможуваат затоплување на оперативниот блок, а требаше да се смени и антифриз и фреон кој е специјален и го нема во Охрид па го набавувавме од другите градови. Денес дефектот е отстранет, челерите се наполнети и се ќе биде во најдобар ред, кажува директорот Арнаудов.

Арнаудов објаснува дека проблем со затоплувањето имаат на интерно одделение и на детско.

Овие одделенија се во старата зграда каде системот е со пумпи кои треба да ја истиснат топлата вода на втор и трет кат, а тие многу често се расипуваат. Дефектите не можат да се предвуидат иако секоја година пред грејната сезона вршиме ремонт на парното, вели Арнаудов.

Директорот на болницата кажува дека на некои одделенија кога има проблем со затоплувањето се користат и дополнителни грејни тела кои се во сопственост на болницат. Многу ретко се случува, додава тој да побараме од пациентите да си донесат греалка за затоплување. Арнаудов е оптимист дека болницата ќе изнајде финансиски средства за да го смени системот за греење и со тоа засекогаш да го реши овој проблем.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top