Доктори приведени за поткуп

Хирурзи од „Општа болница-Охрид“ приведени за примање поткуп. 

 |  Татјана Маленкова  | 
policija
полиција

policijaПоради основано сомнение дека се сторители на кривичното дело ,,Примање поткуп,, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата Р.М. (1960) и Г.Б. (1969),  двајцата од Охрид. Пријавените, во својство на Специјалисти хирурзи, вработени во Општата болница во Охрид, на 22.03.2010 година, директно од засегнатите родители, побарале 2 000 евра, односно 120.000 денари, со цел да извршат службено дејствие – лекување на малолетно дете. СВР вели дека таквото лекување, тие не смееле да го извршат бидејки со одлука од јануари оваа година, Општата болница донела решение за затворање на хипербаричната комора се до носење на соодветна правна регулатива и добивање согласност за користење од Министерството за здравство на РМ.

„ На 29.03.2010 година, првопријавениот од оштетените побарал и примил 700 евра, а неколку денови подоцна, на 03.04.2010 година, според исказот на оштетените, и второпријавениот, од нив побарал и примил 500 евра. Вчера, 09.04.2010 година, технички обработените 800 евра, според претходно договореното, му се исплатени на првоосомничениот, со што се стекнал со вкупна противправна имотна корист од 1500 евра. Веднаш откако парите се исплатени, со наредба од Истражен Судија, извршен е претрес во Оделението во кое работеле и кај првопријавениот пронајдени се технички обработените 800 евра. Освен овие дополнително се пронајдени 1980 евра и 1960 денари чие потекло ќе се утврдува„ вели порпаролот на СВР, Стефан Димовски.

Димовски немаше информација каков ќе биде епилогот. Тој вели треба да се заокружи правна постапка.
Инаку, во соопштението на СВР уште стои дека според писмен акт од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје, лекувањето во хиперболична комора  во истата клиника се врши со син картон и партиципација од 450 денари за еден третман.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top