Дојдов, видов, заминав

Новата директорка на Фестивалот Охридско лето ги избегна новинарите

 |  Јаковлева Лионела  | 
ohridsko leto
Охридско лето

Елизабета Јанкуловска, долгоочекуваната директорка на  „Охридско лето“, дојде во просториите на фестивалот, се виде со персоналот, ги заврши формалните работи и си замина. Со овој гест ги избегна медиумите. Никој од новинарите не ја виде иако со нетрпение јавноста очекуваше да ја запознае личноста што ќе раководи со оваа за охриѓани важна културна манифестација. После домино ефектот кој му се случи на овој престижен фестивал кога од функцијата се откажаа претходниот директор Васко Василески и селекторите Горан Стојаноски и Маја Чанаќевиќ, добро ќе беше новата директорка да излезе во јавноста и барем да се обиде да не увери дека со оваа културна манифестација се ќе биде во ред.

ohridsko letoИнаку, Елизабета Јанкуловска, која беше советничка за недвижно културно наследство на министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска  ги исполни општите и посебните услови утврдени со Конкурсот кој се спроведе на почетокот на март и седна на жешката фотеља на овој фестивал. На конкурсот за избор на директор на „Охридско лето“ беа пријавени шестмина кандидати, од кои само тројца ги исполнуваа критериумите наведени во конкурсот. Јанкулоска пред вработувањето во Министерството за култура, околу 13 години работела во Универзална сала, извршувајќи повеќе функции од соработник во маркетинг службата, креатор на програма, за на крај две ипол години да биде на директорската позиција. Но, Јанкуловска има една мана. Таа не е од Охрид туку од Скопје. Градоначалникот на Охрид вели дека ова е срам за Охрид . Тој додава дека 50 години директорот на овој фестивал бил охриѓанец, а сега министерката не најде доволно добар кандидат од градов, па стави скопјанец.

aleksandar petreskiДали дојде  крајот на проблемите на фестивалот „Охридско лето“ или допрва започнуваат?  Директорката час поскоро треба да назначи драмски и музички селектор, а ќе треба да се справи и со наталожените долгови на фестивалот. Претседателот на управниот одбор, Зоран Велјаноски-Летра смирува дека фестивалот не се наоѓа во неповолна  финансиска ситуација како што беше прикажано во јавноста, туку напротив дека во касата има пари трипати повеќе од висината на долгот. Ако е така излегува дека на Јанкуловска ќе и биде многу полесно да директорува отколку што се мислеше. Сите сме во очекување каква ќе биде иднината на фестивалот.

На крај само да потсетиме која беше голготата на овој фестивал започнувајќи од пролетта 2010.
По разрешувањето на некогашниот директор на фестивалот, Тони Симоноски,   непосредно пред почетокот на 50-тото, јубилејно изданието на фестивалот, односно на 14-ти јуни, Министерството за вршител на должност го назначи Васил Зороски, вработен во оваа институција и поранешен Директор на фестивалот. Наместо веднаш, министерката дури 4 месеци подоцна објави јавен оглас во кој се бараше нов директор на фестивалот. Незадоволна од кандидатите и нивните предлог-програми, дури шест месеци по разрешувањето на Симоноски, министерката Канческа-Милеска, повторно за вршител на должност го назначи Зороски. Токму за оваа постапка забелешки имаше и Државниот ревизор, од каде рекоа дека не постои законска можност два пати по ред да биде назначен вршител на должност директор на фестивалот. Меѓутоа и вториот мандат на Зороски како вршител на должност заврши, токму во моментот кога во земјава започнаа предвремените парламентарни избори. Поради таа ситуација, Канческа-Милеска го назначи Илија Мојсоски, за нов в.д директор. За позицијата постојан директор, министерката најави дека ќе се разговара по формирањето на новата Влада.  По завршувањето на релативно успешното 51 издание на фестивалот „Охридско лето“, и два конкурси подоцна, конечно се дојде и до постојано решение за оваа сериозна раководна функција. Имено, од 15тината пријавени кандидати, министерката се одлучи за предлог програмата и квалитетите на охриѓанецот Васко Василески. Но ете не било за да биде. Сега Јанкуловска ќе ни го обеле образот, или…….???

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top