Досегашниот лидер на ВМРО – Народна Партија, Маријан Додовски се враќа во ВМРО-ДПМНЕ. Според Додовски атмосферата во партијата била неподнослива па морал да преземе чекор со кој радикално би ги променил состојбите. ВМРО Народна повторно ја превзема Љупчо Георгиевски.
Состанокот на извршниот комитет кој првично беше најавен за во сабота, поради итноста е презакажан за вечерва. Членот на Извршниот комитет на ВМРО НП и претседател на ОК, Ванчо Костоски вели дека подолго време биле запознаени со активностите на Додовски и неговите тајни контакти со ВМРО ДПМНЕ и додава дека било прашање на време кога ќе се обелодени неговото напуштање на партијата.
„Се работи за лични интереси. Знаеме дека Додовски има големи долгови кои повеќе од јасно е дека ќе си ги реши со пазарење“, рече во телефонскиот разговор Костовски.
Тој ги демантира гласините дека Додовски со преминувањето во ВМРО ДПМНЕ го повлекува и поголемиот дел од членството на ВМРО НП. Според претседателот на ОК, 95 % од членовите остануваат во партијата. Тој додава дека од 5та изборна единица ниту еден член на ВМРО НП кој е на раководна функција не ја напушта матичната партија.
Дознаваме дека ВМРО НП централен комитет ќе одржи во недела, а од партијата најавуваат дека најверојатно за скоро време ќе има и вонреден конгрес.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град