На пригодна свеченост пред седиштето на Црвен крст Охрид, со почитување на мерките за заштита од Ковид-19, беа доделени сертификатите на шестата генерација ученици кои успешно го завршија десеттото ниво, односно комплетната Бреинобреин програма.
На пригодна свеченост пред седиштето на Црвен крст Охрид, со почитување на мерките за заштита од Ковид-19, беа доделени сертификатите на шестата генерација ученици кои успешно го завршија десеттото ниво, односно комплетната Бреинобреин програма.
Покрај сертификатите децата добија и скромни подароци, а родителите не го криеја своето задоволство од видниот напредок кај своите деца, не само на интелектуален план туку и како хумани, толерантни и солидарни личности.
Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар во Македонија во кој веќе десетта година успешно се имплементира меѓународната Бреинобреин едукативна програма која кај децата од 4-14 годишна возраст дава можности за стекнување, развивање и потврдување на своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.
Уписите за нови ученици во есенскиот циклус се во тек. Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои преку техниките Абакус Ментална Аритметика (АМА) и Неуро Лингвистичко Програмирање (НЛП) ќе помогнат децата да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно.
Наставата ќе се одвива согласно сите протоколи и со почитување на заштитните мерки за заштита од Ковид-19.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град