На македонските најдобри инженери од повеќе научни области, на свечен начин, денес, им беше врачена наградата „Инженерски прстен 2011“. Меѓу десетте добитници на ова признание беше и инженерот по земјоделски науки и храна, Соња Бачева. За неа како и за нејзините колеги оваа награда е поттик за понатамошно успешно творење, а и сите нив ги краси оптимизот за вработување во своите струки.
Наградата „Инженерски прстен 2011“ на најдобрите инженери им ја врачи претседателот на државата Ѓорге Иванов. Оваа манифестација симболизира успех на една генерација која со чинот на доделување на инженерскиот прстен ќе биде дел од едно семејство на најуспешните и на најдобрите, истакна Иванов. Радува фактот што ги наградуваме најдобрите и најуспешните, а овој прстен симболично ги поврзува во едно семејство кое од Вас очекува да давате решенија , нагласи Иванов.
На манифестацијата покрај претседателот на државата, беше присутен министерот за образовани Никола Тодоров, ректорот на универзитетот Св. Кирил и Методиј , Велимир Стојковски, генералниот секретар на ФЕАНИ, Дирк Бошар, голем број професори, родители. На своите колеги им се обрати и претседателот на инженерската институција на Македонија, Проф. Александар Димитров. Тој се осврна на движечката сила на инженерите како неопходна за развојот на секоја земја во секоја сфера. Тоа е тенденција и на нашите инжинерски кадри за што побрзо вклучување во големото евроатланско семејство и уживање на придобивките од членувањето, истакна Димитров.
Манифестацијата доделување на наградата „Инженерски прстен 2011 година“ на Плаошник, се одржува по 8 –ми пат. Од 2010 година Инженерската Македонска Инсититуција, ИМИ, е дел од семејството на европските инженерски сојузи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град