Додека се бараат надлежностите, трпат граѓаните

Веќе втор ден, група на станари од зграда на улицата Сатеска се мачат со водата која мистериозно се појави во нивните подруми. Ги контактирале службите и на Проаква, и на Нискоградба, но проблемот сеуште не е решен. Во очај започнале сами да копаат во подрумите и со одводна пумпа да спречат понатамошно поплавување. Тие сеуште не знаат чија надлежност проблемот, а водата и натаму тече.

 |  Мишел Наумоски  | 
poplava
poplava

poplavaЗграда на улица Сатеска во населбата Далјан веќе втор ден поплавена со вода. Станарите овој проблем го заблежале уште вчераутро, по што веднаш ги известиле службите од јавните претпријатија Проаква и Нискоградба. Дури после неколку повици на местото пристигнале службите од Проаква кои само констатирале дека шиберот кој може да ја сопре водата не функционира и дека мора да биде заменет. Но проблемот на овие станари не запира тука, бидејќи вистинскиот проблем лежи во надлежноста за решавање на ваквиот дефект. Сепак додека се префрла топката од една на друга страна, во подрумите сеуште тече вода.

„Не очекувавме таков однос, некој да не става на „почекајте“ или „ќе биде“ или „не е наша одговорност, правете си вие што знаете“. Цело време ни се укажува дека шиберот кој што е надвор од зградата бил наша одговорност и дека ние сами треба да го смениме или да побараме екипа која што ќе ја платиме приватно. Ако ние плаќаме сметки, не знам зошто, која е потребата да бараме други да ни го поправат приватно. Целава работа се прашуваме колку е наш проблем. Ние значи како потрошувачи на вода и на оние канализациони води кои што излегуваат од нашите домови, нашата обврска колку што знаеме  е од сатот понатаму, односно во станот, а не пред сатот.“-ни рече станар од оваа зграда.

Го контактиравме и директорот на ЈП „Нискоградба“, Владо Цветкоски кој беше запознаен со овој случај. Сепак тој беше дециден дека санирањето на овој проблем е целосно во надлежност на куќниот совет на конкретната зграда. Тој рече: „Нашето претпријатие се занимава со одржување на водоводниот систем, но само на јавните површини, а шиберот кој станарите на оваа зграда треба да го заменат е во надлежност на куќниот совет. Ние можеме да ја извршиме замената, но тоа се наплаќа според ценовникот на Советот на општината.“ Станува јасно колку лесно може да дојде до недоразбирања, бидејќи надлежностите, правата и обврските како членови на куќен совет сеуште не им се доволно познати на граѓаните. Границите помеѓу јавната и приватната интервенција стануваат вистинска мистерија, а во меѓувреме, ќе пукаат цевки, ќе пробиваат шибери, а граѓаните секогаш ќе го извлекуваат подебелиот крај.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top