Охрид сеуште не ги доби најавуваните подземни контејнери. Поради технички проблеми доцни поставувањето на контејнерот наспроти маркетот Рамстор. Оние кои се предвидени на останатите две локации по се изгледа ќе се стават во функција дури од наесен.
Доцни поставувањето на подземниот контејнер наспроти маркетот Рамстор. Од Локланата самоуправа уште пред еден месец најавија дека контејнерот ќе биде ставен во функција, но овој проект сеуште не е реализиран.
Поради некои технички проблеми се оддолжи целата работа. Имаше некои пропусти во висината на контејнерот . Тие проблеми веќе се надминати и деновиве повторно ќе се активираат работите на терен. За десетина дена контејнерот треба да биде поставен, вели Томе Џамтоски-портпаролот на Локланата самоуправа.
Подземниот контејнер е составен од три контејнери кои имаат волумен од три метри кубни. Со неговото поставување во голема мера ќе се подобри хигиената во централното градско подрачје и ќе им се олесни работата на службите од ЈП „Комуналец“. Граѓаните ја поздравуваат оваа иницијатива, но реагираат за местоположбата каде се поставува контејнерот. Велат дека не е најсоодветно место тој да биде лоцирран во паркот наспроти Рамстор, во непосредна близина на бистата на нашиот поет и преродбеник Григор Прличев.
Она што можам да го кажам е дека со поставувањето на подземниот контејнер нема да се нагрди просторот бидејќи целиот тој простор ќе добие нов лик и хортикултурно ќе се уреди. Неофицијално кажувам дека се разгледува и можноста бистата од Григор Прличев да биде поместена неколку метри како не би била во непосредна близина на контејнерот, вели Џамтоски.
Инаку Охрид наскоро треба да добие уште два подземни контејнери. Тие ќе бидат распоредени в долж улицата Македонски просветители и тоа едниот кај некогашната стара стоковна куќа на пресекот со улицата „Даме Груев“, другиот на пресекот на Македонски просветители со улицата „Димитар Влахов“. Оваа иницијатива е дел од реализација на проект од Центарот за Развој на Југозападниот плански регион. Тие ќе бидат помали и ќе имаат волумен од еден метар кубен. За реализација на овој регионален проект за Охрид и Кичево се одвоени 30 000 евра, а за Струга и Дебар, 40 000 евра.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град