Изборот на нов директор во ЈДУ „Јасна Ристеска“ кочи. Како што досега се одвиваат работите не е исклучена можноста оваа установа некое време да остане и без директор.
Познато е дека на 15 ти овој месец истекува рокот на сегашната директорка Марина Петреска Тодороска. Како што ТВМ веќе информираше за оваа позиција доставени се 5 апликации на кандидати. Покрај актуелната директорка, на списокот се Ариф Коку, Вера Дукоска, Мери Рилкова, Роза Костоска, сите воспитувачки во оваа установа.
Според претставникот на Министерството за труд и социјална политика Владо Суклоски, кој е член на Управниот Одбор на оваа установа, во работата на детската градинка „Јасна Ристеска“, забележани биле низа прекршувања на статутот. Тој како еден од пропустите го посочи сеуште не закажаното интервју со кандидатките за директор кое требало да биде на 2 ри овој месец.
Суклоски вели дека од кога бил назначен како претставник на Министерството за труд и социјална политика за член во Управниот одбор на грдинката, се соочил со конфузна ситуација која наведува на неправилности во работењето на установата.
Капка која ја прели чашата, според Суклоски, е тоа што градинката последниве 6 месеци штедела од средствата наменети за исхраната на децата. Суклоски вели дека родителите имаат право да знаат на што се трошат буџетските средства во градинката.
Суколоски посочи дека во градинката од 1983 година не била направена систематизација, а последниве 7 години по разни основи 26 вработени во оваа установа напуштиле работа. Тој рече дека ресорното министерство било писмено известено за затекнатата состојба во градинката со цел да се има увид како се работело досега. Суклоски побарал да се направи и ревизја од страна на министерството како сметките понтаму биле чисти.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град