Доцни почетокот на школите за пливање

Децата кои сакаат да научат да пливаат нестрпливи, големите пак никако да се договорат.

 |  Голабовски Крсте  | 
bazen
базен

Охриѓанчињата кои се заинтересирани ова лето да посетуваат школа за пливање, со нетрпение очекуваат да влезат во водите на Градскиот базен „Атина Бојаџи“. Но, за нив долгоочекуваниот момент никако да се случи. Големите пак не можат да се договорат.

bazenГрадскиот базен „Атина Бојаџи“ започнува со работа утре, меѓутоа само рекреативно. Повеќето од 200 те деца запишани во школите за пливање ќе треба да почекаат школите да ги усогласат термините за работа.

Од Локалната велат дека базенот е комплетно спремен за отворање на оваа нова пливачка сезона, односно  отстранети се сите недостатоци од минатата година.Оваа година базенот ќе работи во два дела. Од осум часот наутро до 12 часот на пладне ќе може да го користат спортистите кои сакаат да тренираат kako и школите за пливање, додека од 12-18 часот базенот ќе биде отворен за сите охриѓаниани и туристите. Зошто тогаш доцни почетокот на школите за пливање? Еве ја причината според Градоначалникот Александар Петрески.

bazen„Единствено се доцни поради тоа, треба да си направат добра организација, треба почитување на законските прописи, законот кажува дека групата на деца не може да биде поголема од 20 за еден професор, дека треба да има обезбедување, спасувачки екипи и сите работи треба да ги организираат“, вели Градоначалникот Петрески.

Со спортските термини на базенот менаџира Пливачкиот Клуб „Охридски Бранови“, додека со рекреативниот термин менаџира ЈП „Биљанини извори“. Инаку концесионерот на овој спортски објект кој има склучено договор на 20 години со некогашното Јавното државно претпријатие, минатата година си доби реконструиран базен, но во интерес на развој на спортот во договор со Локалната, тој може да бара надомест само за користење на базенот рекреативно, додека спортитстите и школите за пливање базенот ќе го користат бесплатно. На ПК „Охридски бранови“ пак кој  е задолжен за ангажирање на медицинска, спасувачка и чуварска служба, потребни му се средства  за ангажирање на истите, вели Кочо Паскали од клубот. Тие средства клубот ќе ги обезбедува преку  надоместок од најмалку 600 денари за еден час користење на базенот што ќе го  плаќаат школите за пливање. Дали проблемот се термините, дали пробелмот е надоместокот кој пливачките школи треба да му го плаќаат на клубот „Охридски бранови“ или едноставно организацијата закажа и не е толку важно, кога знаеме дека повеќе од 200 деца чекаат во пливачката школа „Делфина“ на Професорката Соња Думбалова Делова да ги направат првите чекори во пливањето.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top