Работите доцнат околу отворањето на новиот дел во болницата Св. Еразмо поради потребата која дополнително се јавила за изградба на уште една операциона сала.
Работите доцнат околу отворањето на новиот дел во болницата Св. Еразмо поради потребата која дополнително се јавила за изградба на уште една операциона сала.
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека на почетокот на наредна ва година одделот ќе профункционира.
„При крај се градежните работи на новата зграда на болницата Св. Еразмо. Иако беше најавувано дека новиот дел ќе биде веќе ставен во употреба, работите се пролонгираа поради технички проблеми и дополнување на првичниот план за градба, објаснува министерот за здравство, Венко Филипче.
„Во завшна фаза е. Реконструкцијата треба да заврши во наредните неколку месеци. Имавме разговори со преставници на стручниот колегиум кои укажаа на потреба да се реновира уште една операциона сала која не била влезена во проектот со цел да целиот операционен блок се заокружи“, вели Филипче.
Дополнително ќе е потребно еден месец за да се комплетира новата сала, објаснува министерот.
„Доколку операторот има можност таа операциона зграда да ја гради сосема независно и изолирано од другите операциони сали за многу кратко време ќе го пуштиме во функција новиот дел, а ако не можат да се обезбедат услови за изолација тогаш ќе почекаме да се направи и таа операциона сала“, вели Филипче.
Изградбата на базен во склоп на болницата ќе биде одложена. Тој проект треба ад се реализира во текот на нареднава година. Кардиолошкиот центар и понатаму ќе функционира во постоечкиот објект, само ќе бидат отворени две нови сали во склоп на болницата Св. Еразмо во кои ќе се вршат посложени зафати.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град