Граѓаните и гостите кои последните минути од старата ги одброија во центарот на Охрид сеуште се под импресии од атмосферата која се создаде таму. Туристите велат дека повторно ќе дојдат во Охрид.
Ако денот се познава по утрото, а Новата година по атмосферата во најлудата ноќ, Охрид го очекува бериќетна година. Со над десет илјади гости од кои најголем дел се од соседството и голем број охриѓани, во весела атмосфера, со убави желби за подобро утре во годината која е пред нас, ја дочекавме Новата 2013. година. Во угостителските објекти, рестораните, кафулињата, но и дискотеките се бараше место повеќе. Но се чини највесело беше на Градскиот плоштад, каде граѓаните и гостите се забавуваа со хитовите на Ѓоко Танески, „Камелеон“, Петар Маркоски, „Аренси бенд“ и Ристо Самарџиев. Гостите и охриѓани велат дека била ноќ за паметење.
Прекрасно си поминавме, беше многу забавно и убаво организирано
Ние сме од Ниш. По седми пат доаѓаме во Охрид за Нова година. Секоја година е се поубаво
Јас дојдов од Канада. Прекрасно е во Охрид и сигурно доаѓам и наредната година
Новата година беше дочекана со бенгалски огнови и голем огномет над Охридското Езеро. На присутните на плоштадот им се обрати градоначалникот на Охрид Александар Петрески, кој упати честитки со желби за здравје, успех и среќа во новата 2013 година.
посакувајќи Новата година да биде подобра од претходната. Дочекот на Новата година на Градскиот плоштад беше целосно во организација на Локалната самоуправа и финансиран од буџетот на Општината.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град