Дочекот на Нова година полека го губи епитетот најлуда ноќ

За поголемиот дел од граѓаните патувањата во странство за дочек на најлудата новогодишна ноќ стануваат далечни.

 |  Валентина Неловска  | 
nova godina
Нова Година

Nova GodinaЗа поголемиот дел од граѓаните патувањата во странство за дочек на најлудата новогодишна ноќ стануваат далечни. Поголемиот дел од граѓаните од разно рани причини избираат Нова година да ја дочекаат во кругот на семејството и се повеќе се откажуваат од патувањата во странство.
И информациите од туристичките агенции за продажбата на аранжманите за патувања надвор од земјата, одат во прилог на констатацијата дека охриѓани се повеќе се одлучуваат Нова година  да ја  слават во домашна атмосфера. Оние кои одлучуваат, пак да отпатуваат надвор од градот ги бираат Истанбул, Прага и Париз.  Сепак, охриѓани повеќе се заинтересирани зимскиот одмор  да го поминат со семејството во познатите зимски центри во соседството во Бугарија и Србија, но и во Австрија. Најчесто термин за патување се избира периодот после 8 јануари. Од ТА Елида Турс нагласуваат дека за “Зима 2011“ познатите зимски центри ги намалиле цените на аранжманите  со цел да останат и понатака посакувани  дестинации за зимски одмор.
zimski odmor„Годинава најголем интерес охриѓани имаат за Банско и Боровец каде што цените се помали во споредба со лани. Хотел со 4 ѕвездички, за 7 ноќевања,  полупансион со појадок и вечера чини 235 евра. За децата до 7 години е бесплатно, а од 7 до 14 години цените се со попуст од 50 посто“, вели Битрак.
За ин каминг туризмот пак, од туристичката агенција „Елида Турс“ потврдуваат дека  интересот на странците за дочек на Нова Година во Охрид е најслаб во споредба со изминатите 3-4 години. Економската криза го прави своето иако кон тоа се вбројуваат и други фактори, објективни и субјективни  кои придонесуваат странците се повеќе да го заобиколуваат Охрид како привлечна туристичка дестинација и во зима,  истакнува Елида Битрак.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top