Дочекот на Новата 2010 та „величенствен“

Новата година на градскиот плоштад, дочекана во преубава празнична еуфорија.

Новата година на градскиот плоштад, дочекана во преубава празнична еуфорија.

Десетина илјади граѓани и гости одлучија првите новогодишни честитки да си ги упатат токму таму. Невообичаено на +11 степени целзиусови, во весела и забавна атмосфера забавата траеше до долго во ноќта. За да истата биде повесела и поинтресна се погрижи гостинот од соседна Србија, Бојан Бјелиќ и „Аренси бенд“. Присутните на градскиот плоштад без ниту еден инцидент, во прекраснот ритам на музиката, се забавуваа секој на свој специфичен начин. Еуфоријата доживеа своја кулминација на полноќ, кога со величествен огномет, кој досега во Охрид навистина не бил приреден, беше означено доаѓањето на Новата година.
Единствен непријатен момент во сета новогодишна еуфорија, беше едно нарушување на јавниот ред и мир и една сообраќајна незгода, регистрирани од страна на полицијата. Имено во 4 часот и 20 минути по полноќ, во близина на бензинската станица „Петрол“ на магистралниот пат Охрид – Кичево, во сообраќајката со тешки телесни повреди се здобиле две лица од Охрид. Несреќата се случила кога возачот управувајќи го возилото кон излез од Охрид, изгубил контрола, удрил во сообраќаен знак по што возилото со голема брзина се превртело надвор од патот. Повредените лица се пренесени во специјалната болница „Св. Еразмо“ и се надвор од животна опасност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top