Големата награда за литература, рускиот орден „Златна есен-Сергеј Есенин“, годинава падна во рацете на истакнатиот македонски поет Славе Ѓорго Димоски. По тој повод градоначалникот Александар Петрески, денес го прими Димоски во својот кабинет и му се заблагодари за неговиот допринос, кој не само што е важен за Охрид, туку и воопшто за Македонија.
Орденот „Златна есен-Сергеј Есенин“, кој годинава падна во рацете на поетот Славе Ѓорго Димоски е големо признание. Денес по тој повод, Димоски имаше посебен прием од страна на градоначалникот Александар Петрески, претседателот на Советот Душко Јаковчески, како и од раководителот на Секторот за образование Серафим Наумоски.
Важноста на орденот е посебно значајна бидејќи доаѓа од Русија, земја која важи за една голема културна средина, каде литературата секогаш е во преден план, вели добитникот на орденот велестовскиот поет Димоски.
„Со самиот орден мене ми е отпечатена и книга која што влегува во рамките на таа огромна литература каде што има и вкус, чуство и начин да се одбере што е добро што е лошо и да се вреднува а плус кога вреднуваат некое литературно дело странски колеги од друга земја, јас доаѓам од земја со мало јазично подрачје задоволството во тој однос е многу поголемо“-рече Димоски.
Поет од Охрид, па и од Македонија, долги години нема добиено ваква награда, изјави првиот човек на градот Александар Петрески. Додаде дека оваа награда е голема и е многу значајна и за градот.
„Славе уште еднаш направи голерм чекор за Охрид покрај неговиот ангажман како основач на Велестовски вечери и неговата улога во Струшките Вечери на Поезијата. Сметам дека ваква награда децении нема добиено никој од Македонија и Охрид и му благодарам“-вели Петрески.
Велестовскиот поет Димоски, рускиот орден го прими од Московската организација на Сојузот на писатели на Русија, во рамките на Деновите на македонската поезија во Москва, која се одржа од 1 до 3 октомври, како заслуга за неговото целокупно досегашно творештво.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град