Охриѓани на кастинг

Кастинг за филмот „До балчак“, или  „Приказна за Дивиот Исток“ на Столе Попов.

 |  Маленкова Татјана  | 
kating film do balca
кастинг филм до балчак

Во почетокот на мај ќе започнат интензивните подготовки за снимање на дел од македонскиот игран филм „До балчак“, или со работен поднаслов „Приказна за Дивиот Исток“ во режија на Столе Попов, а според сценарио на Академик Горан Стефановски. По кастингот во Битола, денеска се бараа статисти и меѓу охриѓани, за сцените кои ќе се снимаат во Св. Наум.  Кастингот во Охрид е само еден ден, во споредба со Битола каде статисти се избираа 8 дена, затоа што таму ќе се снима најголемиот дел од филмот или околу 70 %.  Делови од филмот ќе се снимаат и во Св. Николе, Овче Поле, и Скопје. Охриѓани заинтересирани за кастингот, само претпладнево беа фотографирани 40 лица.   

„Во принцип сме во потрага по бабички или супер бабички кои ќе можат да издражат снимање. Во свените Jovan Ristovski исто така ќе има и комити, турски војници, а и мали дечиња. Кандидатите ги на сите воздрасти од 5 до 70 години, но најсконцентирани сме на постарите дами и господа кои се на 50 – 60 години. Во припреми сме веќе подолго време за филмот. На 9 ти мај започнуваме со снимањето во Битола, а во Охрид ќе снимаме накаде околу 15 мај“, вели Јован Ристовски, кастинг за статисти и координирање на статистите.

Ристовски објаснува колку статисти се потребни за да се комплетира тимот кој ќе работи во Охрид, но и што ќе се направи доколку денеска не се пријават доволно заинтересирани кандидати.   

„Во принцип за Охрид ни требаат 40 – 45 статисти. Доколку не се појават луѓе и не го докомплетираме потребниот број не е страшно, ќе дојдеме уште еднаш“, додава Ристовски.
 
Дејствието во Филмот “До балчак” се одвива во 1906 год. Интересно е што Македонски железници за потребите на филмот ќе ја оспособат за сообраќај железничката пруга од Бакарно Гумно до селото Света, каде што треба да биде донесена стара парна локомотива со неколку вагони, а ќе се реконструира и руинираната железничка станица.Според сценографијата на филмот, на дел од нивите над пругата, ќе биде изградена и караула, а во дворот на црквата под пругата, ќе биде поставен камп каде што ќе биде сместен дел од техничкиот персонал. Проектот е поддржан од Владата на Република Македонија и истиот ќе чини над 3 ипол милиони евра.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top