Дневните центри за деца со посебни потреби, бараат помош од локалната

Дневниoт центaр Доброљубие бара да се изнајдат средсва за да функционира и во летниот период, а Зраци бараат континуирано да се обезбедат оброци за нивните штитеници. И двете здруженија денес ги посетија преставници од Црвен крст Охрид.

 |  Јаковлева Лионела  | 
dobroljubie
доброљубие

15 дечиња со посебни потреби веќе осум години се згрижени во дневниот центар Доброљубие кој се наоѓа во просториите на црквата Св. Ѓорѓија. Тие таму го поминуваат и осмислуваат своето време под надзор на дефектолог, медицинска сестра и уште неколку лица кои се ангажирани околу нив. Овој дневен центар се отвори на иницијатива на католичката и православната црква, а е финансиран преку проект од германската влада. Никола Кукоски, проект менаџерот вели дека центарот добро функционира, но има и некои проблеми со кои се  соочуваат веќе подолго време.пакети

Бараме локалната или некои институции да ни помогнат за центарот да функционира и во летниот период. Сега работоме само од септември до мај, вели Никола Кукоски, проект менаџер на Доброљубие

Кукоски вели дека се задоволни од соработката со институциите и граѓаните и дека во повеќе наврати им било излезено во пресрет. Секоја година, додава тој дрвата за огрев и храната ја обезбедуваат од донации.
Во градов функционира уште едно здружение за деца со посебни потреби. Дневниот центар Зраци е лоциран во основното училиште Братство единство. И таму се згрижени 15 деца со кои работат стручни лица.

Потребни ни се средства за да можеме континуирано да обезбедиме оброци за нашите штитеници, вели Зоран Костадиноски-дефектолог.vakcini

И двете здруженија денес ги посетија преставници од Црвен крст Охрид. Тие им донираа пакети со храна каја беше собрана при акцијата по повод светскиот ден на борба против гладта. Во дневниот центар Зраци беа донирани и десет вакцини против сезонски грип кои се набавени со средства од хумани граѓани.

Уште еднаш се потврди хуманоста на охриѓани. Се собраа намирници и повеќе од очекуваното, вели Антонио Додевски-секретар на ЦК- Охрид.

Додевски вели дека соработката со дневните центри им е континуирана. Тие како организација колку што можат им излегуваат во пресрет. Апелираат граѓаните и институциите кои се во можност без причина и помош да им помагаат бидејќи на овие дечиња им е потребен посебен третман за нивните денови да бидат поубави и посреќни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top