Дневниот центар „Зраци“ ќе оди под општинска капа

Со завршувањето на проектот на UNDP, преку кој една година беа финансирани вработените во центарот, неизвесна беше и судбината на функционирањето на самата установа.

 |  Голабовски Крсте  | 
zraci
зраци

decaСо завршувањето на проектот на UNDP, преку кој една година беа финансирани вработените во центарот, неизвесна беше и судбината на функционирањето на самата установа.

Во пресрет на одбележувањето на Светскиот ден на лицата со попреченост, неизвесна беше судбината на оваа важна установа во нашиов град како и судбината на двете ангажирани лица во неа. Со завршувањето на проектот на UNDP, преку кој се плаќаа надоместоците за вработените, се поставува прашањето кој сега ќе се грижи за оваа установа? Димитар Спасески, секретарот на Општина Охрид истакна дека  и градоначалникот и целата локална администрација се посветени кон решавање на ова горливо прашање.

„На 1-ви декември заврши проектот со УНДП и она што им го соопштивме и на родителите и на децата е дека овој центар и понатака е во фокусот на нашето внимание соодветно разгледуваме можност за негово буџетирање, но она што можам да кажам со сигурност е дека ЛС и понатаму на секој можен начин и финансиски ќе продолжи да го подржува овој центар. Место за паника нема, ЛС стои зад овој центар се до неговото инситиуционализирање“, вели Спасески.

Од локалната не ја исклучуваат опцијата  „Зраци“ да биде вклучен во рамките на центрите кои ги финансира Министерство за труд и социјална политика.  Инаку од ресорното министерство за ТВМ потврдија дека во рамки на  проширувањето на мрежата на дневни центри  низ државава планирано е и во Охрид да биде отворен дневен центар за деца со пречки во развојот во 2016 година.

zraci„ Секогаш тука сме подоготвени за разговори со МТСП, за да се изнајде начин да биде вклучен во рамките на центрите кои самото министерство ги финансира. Но се до доаѓањето на тој момент  и до практичната инстиуционализација на овој центар локалната самоуправа е тука и ќе ги подржува секогаш нивните активности“ објаснува секретарот.

За тоа на кој начин ќе биде поддржано функционирањето на центарот, дали како проект или ќе влезе во програмата ,дополнително ќе биде прецизирано од страна ан стручните служби во локалната.  Инаку Центарот „Зраци“ е формиран пред 12 години од страна на родителите на децата со пречки во интелектуален развој, и веќе години наназад функционира исклучиво благодарение на родителите, ентузијазмот на двете ангажирани лица.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top