Дмитри Хворостовски вистинскиот избор за „Охридско лето“

Заедно со својот син Максим, а во придружба на диригентот и негов личен пријател Константин Орбелиан, истакна дека е среќен што има можност да токму го отвори фестивалот и ги покани сите да дојдат и да уживаат.

 |  Голабовски Крсте  | 
DmitriHvorostovski
Дмитри Хворостовски

Сибирскиот баритон Дмитри Хворостовски го отвора овогоиднешното издание на фестивалот „Охридско лето“. Човекот кој првите музички чекори ги направил свирејќи во еден  хеви метал бенд и би одбил 1 милион долари да и се врати на поп музиката, па таа понуда да доаѓа и од Мадона, пристигна во Охрид. Заедно со својот син Максим, а во придружба на диригентот и негов личен пријател Константин Орбелиан, не го криеше задоволството што ќе биде дел од свечената церемонија на оваа реномирана музичко-сценска манифестација.

„Многу сум среќен поради тоа што збороувам не само во свое име туку и во име на мојот син Максим, мојот колега и голем пријател, Константин Орбелиан, што ќе ја имаме можноста да го отвориме 53-то издание на фестивалот „Охридско лето“ и среќни сме што ќе настапиме утре“ вели Хворостовски.

Интересно е што неколку светски музички списанија му го дадоа прекарот Елвис од Операта, поради неговата способност да пее феноменално, а во исто време да изгледа како филмска ѕвезда, со што пак го привлече вниманието особено на женскиот дел од публиката. За да го зачува својот глас, се одвикнал и од алкохолот и од цигарите.

DmitriHvorostovskiСелекторката на музичкиот дел од фестивалот Гордана Јосифова- Неделковска, верува дека изборот на Хворостовски за уметникот кој ќе го отвори „Охридско лето“ е вистинската работа.

„Иако критиката кажува дека во класичната музика постојат многу малку ѕвезди, токму Дмитри Хворостовски е една од тие ѕвезди. Затоа што преубавата боја на неговиот глас, префекната интонација,страста, длабочината и елеганцијата во неговата изведба, беспрекорната техника и гламурозноста и што публиката го наградува со овации и аплаузи од почетокот до крајот, го прави овој пеач една од големите ѕвезди во класичната музика“ вели Неделковска.

Баритонот со златен глас, својата брилијантна меѓународна кариера ja започна по освојувањето на престижната награда BBC Cardiff Singer на Светскиот натпревар. Оттогаш редовните ангажмани на Хворостовски се одвиваат во водечките светски оперски куќи – Royal Opera House, Covent Garden, New York’s Metropolitan Opera,  La Scala Milan, Vienna State Opera и Chicago Lyric Opera – како и на реномираните фестивали. Номиниран е за престижната„Греми“ награда за оперски запис. Хворостовски, вечерва на сцената на античкиот театар со почеток во 21 часот пред охриѓани и гостите ќе се претстави со внимателно одбрани дела од Верди, Белини, Вагнер, Бизе, Глинка, Рубинштајн, Чајковски, и други.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top