Џамиите ги отворија вратите за своите верници

Како што одлучи Исламската верска заедница,  денеска се отворија џамиите во земјава. За исполнување на религиозните обврски во текот на светиот месец Рамазан отворена е и Алипашината џамија во Охрид.  Таму беше денес централната молитва. Верниците точно  во   13 часот  пристигнаа  во верските објекти.

 |  Соња Рилковска  | 

Како што одлучи Исламската верска заедница, денеска се отворија џамиите во земјава. За исполнување на религиозните обврски во текот на светиот месец Рамазан отворена е и Алипашината џамија во Охрид. Таму беше денес централната молитва. Верниците точно во 13 часот пристигнаа во верските објекти.

Припадниците на исламската верска заедница велат ќе ги почитуваат здравствените препораки, на молитва ќе носат маска и ќе држат дистанца.

-„Да нормаллно е дека ќе одиме Фала ну на Бога што има позтиивни работи што се отворат џамиите.Моментално да ние си држиме Рамазан ни треба да се отворат. Нормано ќе носиме маски“.

„Денеска ќе одиме на молитва имаме маски, имаме ракавици тие заштитни средства, се шо треба, што има препораки. Ние се радуваме целосно шо ги отвораат џамиите“.„Нека се отвораат џамиите , нека се работи, многу се затворивме“.

Имаше и такви верници кои сметаат дека е рано за отворање на верските објекти. Не треба да работат ниту црквите ниту џамиите.
„Ќе одите на молитва? На молитва не. Ако се отворат џамиите ќе имаме повеќе болести. Не треба да се отворат ниту џамии, ниту цркви“.

-Верувам во се, ама не одам ни во џамија ни во црква. Дали треба или не треба не знам. Можеби би требало но со помалку луѓе и со поголемо растојание“.

– „Кога можеше да биде затворена црквата за Велигден, зошто да не е затворена џамијата за Рамазан“, велат верниците.

Од охридското муфтиство не сакаа да зборуваат пред камаера. Од таму велат се држат до официјалниот став на Исламската верска заедница, од каде пак велат дека внимателно го следеле подобрувањето на здравствената ситуација во земјата и намалувањето на бројот на заболени. Па токму затоа на вонредниот состанок на 7 мај донесоа одлука од денес џамиите да бидат отворени за молитви за да можат да се исполнуваат колективните религиозни обврски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top