Диви кампери цело лето распослани во селото Љубаништа

Распослани диви кампери на само неколку метри од авто кампот  љубаништа. Немаат струја и  вода , ниту контенјери за отпад и тоалети. Се фрла отпад во околинта и се загадува природата. Иако редовно се пријавува во полиција вакавта состојба си се провлекува со години.

 |  Соња Рилковска  | 

Диви кампери цело лето  распослани во селото Љубаништа.  На плажата пред авто кампот,  секојдневно има  поставени шатори и автомобили, каде нелегално  кампуваат  гости.
Екипата на ТВМ  затекна  десетина импровизирани  шатори ,  а според паркираните возила  ги имаше од Скопје, Тетово, Гостивар,  Кичево Прилеп и други градови.
Немаат струја, ниту вода , ниту тоалети. Надлежните од автокапот  состојбата ја пријавиле во полиција.
„Ние се обидуваме да направиме ред во нашиот камп за жал во непосредно соседство се наоѓа еден неорганизиран простор на кој слободно доаѓаат луѓе со години и го злоупотребуваат тој рпсотор со поставување на кампери иако таму не псотојат никакви услови за редовно кампување. Ни струја ни води ни тоалети ни контејнери за отпад и тоа претставува невиден проблем и затоа реагиравме до надлежните институции, вели Антонио Гаврилоски менаџер на автокамп Љубаништа.

Загрижува тоа што несовесните кампери ја загадуваат природата. Купови отпад се расфрлуваат во близина на контејнерите. Згора на тоа секоја вечер упаѓаат преку оградата во авто кампот и  злоупотребуваат.  

„Тие се гости со нерегулиран пресотј не се евидентирани ни ој кде спие а посебно шт праат притисок врз животната средина и имаме проблеми заради тоа што најголем дел од тие гости зарди тоа што немаат услови  преку оградата влегуваат а немаме евиденција кој влегува и затоа уште еднаш апелирам до надлежните институции да воведат ред“, додава Гаврилоски.
Дивиот камп во Љубаништа е проблем кој се провлекува со години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top