Дива депонија ја задушува Галичица

Дивите депонии повторно никнуваат во делови од градот. Тоа е резултат на несовесното однесување на граѓаните убедува првиот човек на ЈП Охридски Комуналец Елена Скрческа.

 |  Николоска Биљана  | 
deponija
депонија

deponijaДива депонија задушува дел од просторот на НП „Галичица“. Депонијата од смет, во и околу контејнерот на патот кон месноста Велестово претставува грда слика за посетителите на паркот, но и за мештаните. И не само тоа, расфрланото ѓубре го уништува зеленилото во тој дел и претставува собиралиште на кучиња, лисици и останати животни кои за да дојдат до храна го растргнуваат и влечкаат насекаде низ зелената површина на паркот. Директорката на ЈП „Охридски Комуналец“ Елена Скрческа, вели дека неодамна оствариле средба со претставниците на МЗ со цел да се запознаат со проблемите со кои се соочува месноста во врска со сметот и им биле предочени сите недоследности. Скрческа додаде дека веднаш пристапиле кон надминување на проблемот.

„Тоа што околу него се створиле депонии, тоа не треба граѓаните сами да си го дозволат. Доколку граѓаните забележат дека има преполн контењер должни се да не известат и ние истиот ќе го подигнеме“.

deponijaНови депонии никнаа и на Мауцкер, локалитетот со кој стопанисува ЈП Охридски Комуналец. Скрческа признава дека депонијата која што е наменета за одлагање на градежен шут во неколку наврати била претворена во претоварна станица, поради проблемите кои им се јавиле со дефектите на возилата.

„На Мауцкер депонираме, а тоа не треба да се деси. Ние направивем претоварна станица, двете скопски возила кои се со мал капацитет и кои подигаат смет најчесто низ тесните улички во стариот дел на градот не ни се исплатува да ги праќаме на депонијата Буково и поради тоа одредивме локација од каде истиот смет се претовара и се носи Буково“.

Сепак во најголем број на случаи, депониите се резултат на несовесното однесување на поединци во градот, потенцира Скрческа. Таа напоменува дека голем проблем е депонирањето на градежен шут надвор од Мауцкер до самиот пат , кое најчесто се прави кога на нивните екипи им завршува работното време. Но ветува дека и тоа ќе се подигне, секако со налог на општинскиот комунален инспекторат, бидејќи сепак се работи за влезот и излезот на градот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top