‘’Discover Ohrid’’ прв дигитален туристички водич. Мобилната апликација ја креира Центарот за интегриран развој Охрид – ЦИРО а во нејзината изработка учествуваа 20 стручни лица од различни области како програмер, графички дизајнери, туристички водичи, фотографи, историчари и археолози. Целта ни е дигитализација на туристичките потенцијали и услуги да се подобри конурентноста но и да се подигне свеста за културното и природото наследство на Охрид и неговата заштита , истакна на презентацијата, Претседателот на ЦИРО, Ѓорѓија Паунковски.
Охрид доби прв дигитален туристички водич во форма на мобилна апликација. Апликацијата ‘’Discover Ohrid’’ е креирана од Центарот за интегриран развој Охрид – ЦИРО поддржана од страна на Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ.
Со оваа апликација сакаме да дадеме поддршка на секторот туризам , угостителство, занаетчиство кои беа погодени од ковид кризата но воедно преку дигитализација на туристичките потенцијали и услуги да се подобри конурентноста но и да се подигне свеста за културното и природото наследство на Охрид , истакна на презентацијата, Претседателот на ЦИРО, Ѓорѓија Паунковски.
„Охрид има голем број граѓани кои дирекно или индиректно се вклучени во туризмот и кои ги почувствуваа негативните последици од ковид кризата веруваме дека ваква апликација во одредена мера ќе помогне во привлекувањето на нови туристи и ќе ги подобри условите во туризмот преку промоција на локалните угостители , традиционалните занаетчии и др локални бизниси. Во кумуникација со историчари и локални туристички водичи со цел да ги добиеме потребните информации за развој на оваа апликација бев изненаден од многуте работи кои и јас самиот не ги знаев за културното и природното богатство кое го поседува Охрид. Топло ви ја препорачувам апликацијата на сите и на моите сограѓани бидејќи колку повеќе знаеме за нашето богатство толку повеќе ќе го цениме и ќе го заштитиме. – кажа Ѓорѓија Паунковски – Претседател на ЦИРО
Апликацијата има модерен дизајн во боите на Охрид , светло сина и бела и со најпрепознатливото културно обележје Св Јован Канео.
Во неа се опфатени над 130 обележја групирани во: 6 патеки за откривање на културното наследство на Охрид и околината, 10 патеки преку кои може да се ужива во природното наследство, над 10 понуди од областа на активниот туризам, над 30 угостителски објектии 15 работилници од традиционалното охридско занаетчиство.
Апликацијата е на Македонски и Англиски јазик, содржи и аудио водич, а поставената офлајн мапа во апликацијата овозможува патеките да се користат и без интернет конекција.
„Концептот на апликацијата предвидува интерактивна улога на корисникот, што се овозможува преку вклучениот систем на достигнувања и награди. Доколку корисникот комплетира некоја патека или посети одреден број знаменитости, добива награди и попусти од локалните даватели на услуги. Оваа функционалност на апликацијата ќе го зголеми ангажманот и ќе го потикне корисникот во целост да го истражи Охрид.“ – истакна Стефан Томовски – координатор на проектот.
На проектот работеле 20 стручни лица од различни области како програмери, графички дизајнери, туристички водичи, фотографи, историчари и археолози. Апликацијата нуди можности за надградба во стабилна платформа за севкупната понуда на Охрид како туристичка дестинација. Од ЦИРО ги повикуваат сите кои се дел од туристичката понуда на Охрид и сакаат да се дел од апликацијата да ги контактираат на info@ciro.mk или нивната фејбук страна.
Апликацијата од денес е бесплатно достапна за корисниците на Андроид и ИОС и може да се превземе од Play Store и App Store или да ја симнете на веб страната www.discoverohrid.mk
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град