Директорката на „Охридско лето“ Наташа Поповиќ стана почесен делегат на ЕФА

Директорката на најголемата и најзначајната музичко-сценска манифестација во земјава „Охридско лето“ Наташа Поповиќ, на Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА) што се одржа во Гелвеј, Ирска, ја доби титулата почесен делегат. Во конкуренција од 170 делегати од европските фестивали-членки на Асоцијацијата само 5 се здобија со оваа почесна функција. На најголемиот собир кој се одржа од 22 до 24 ноември присуствуваше културната елита од Европа, а Фестивалот „Охридско лето“ стана една од најуспешните приказни кој ги негува културните високи уметнички дострели според европските и светските стандарди.

 |   | 

Во своето обраќање на 68-то Генерално собрание Поповиќ пред првите луѓе на ЕФА, претседателот Јан Бриерс, генералниот секретар Кетрин Девентер и делегатите ја истакна богатата фестивалска традиција на Охридско лето во градот кој е духовен центар на македонската историја.

„Охридско лето“ се отвара секоја година на 12-ти јули и трае 40 дена, сѐ до 20-ти август, веќе 61 година на Античкиот театар, на истото место каде што 200 години пред Исус се одржувале друг вид на фестивалски игри. Таков спој на цивилизациска историја и сегашност е реткост и е цивилизациска придобивка што треба да продолжи и затоа е многу важно таа традиција да продолжи заедно со ЕФА. Секоја фестивалска вечер во црквата „Света Софија“, една од најголемите средновековни цркви од византискиот период, црква со ненадминлива акустика настапуваат врвни уметници од целиот свет. Секое лето градот Охрид, град под заштита на УНЕСКО, како културно наследство на светот, ги дочекува и испраќа најголемите имиња од современата светска уметничка елита во совршен спој на културата од пред Христа и денешната во 21-ви век. Град во земја во која се спојуваат повеќе култури и како вртлог на различни религии, наследства и сегашност – рече Поповиќ и додаде „Ако сакате да ја почувствувате јачината на тишината, тоа е местото каде што е сместен фестивалот „Охридско лето“, град со 365 цркви, за секој ден по една, град на Охридското Езеро, најстаро во Европа, а за нас и најубаво“.

Во својот говор таа потенцира дека успесите на „Охридско лето“ се заслуга на залагањата и професионалноста на тимот, но и огромната поддршка на Покровителот, Претседателот на државата и Министерството за култура.

Мојот тим и јас, веруваме дека културата и цивилизациското наследство припаѓа секому и никому. Токму во тој правец работиме 61 година како фестивал, 27 години како членка на ЕФА веднаш по осамостојувањето на нашата независност и токму затоа огромна е честта и задоволството за секој постигнат успех. Таа чест не е само за тимот на „Охридско лето“, за мене како директор, туку многу повеќе за Покровителот на фестивалот, Претседателот на државата и Министерката за култура во нашата држава, но најмногу за граѓаните на мојата земја кои со векови, а и денес ја докажуваат својата културна посебност како во Европа, така и во светот – рече Поповиќ. 

ЕФА асоцијацијата вклучува над 100 фестивали од 40 земји. Фестивалот „Охридско лето“ од 1994 година е значаен партнер на Асоцијацијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top