Директорката на НУ „Охридско лето“ со реакција на обвинувањата од Ок на ВМРО ДПМНЕ

Јануарската плата доцни поради чекање на уважувањето на согласноста од Министерството за финансии на Република Северна Македонија за вработувањата за кои обвинувате- реагира директорката на Н.У Охридско лето, Наташа Поповиќ.

 |   | 

Директорката на Н.У Охридско лето, Наташа Поповиќ, преку писмена реакција до медиумите во целост ги отфрла обвинувањата изнесени на денешната прес конференција на општинската ВМРО ДПМНЕ.  

Јануарската плата доцни поради чекање на уважувањето на согласноста од Министерството за финансии на Република Северна Македонија за вработувањата за кои обвинувате. Постапката е целосно законска, започната во 2019 година со добиена согласност за истата. Во овој изминат период се чекаше уважување на согласноста за 2020. Од друга страна не се работи за никакви партиски вработувања, тоа се лица кои и претходно работеле во Установата со договор на дело, стои во реакцијата од директорката Поповиќ. Поповиќ додава дека не е точно тврдењето дека установата добила негативено мислење за годишниот план за вработување за 2019 година и потенцира дека целата постапка се одвивала законски со објавување на оглас од страна на Агенцијата за администрација.

Изнесените невистини само го рушат реномето на нашата најголемо музичко сценска манифестација која успешно опстојува веќе 60 години, вели директорката на Охридско лето.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top