Директорот на Градски пазар комуницира со СМС и преписки

По вчерашниот прилог во „Дневникот“ на ТВМ во кој до Јавното претпријатие Градски пазар беа упатени неколку прашања во врска со работењето на претпријатието, пуштањето на работници на принуден одмор и причините за нереализирање на некои најавени проекти, денеска до информативната редакција на ТВМ пристигна допис со одговори на некои од поставените прашања.

 |  Николоска Биљана  | 
gradski pazar
градски пазар

kotaleskiОд ЈП Градски пазар денеска со допис одговорија на прашањата кои вчера во прилог во Дневникот на ТВМ беа поставени јавно до директорот Тони Коталески а во врска со работењето на претпријатието. На прашањето колку врабoтени од претпријтието моментално се на принуден одмор, од таму со одговор дека во моментов 8 вработени ја користат можноста за привремен принуден одмор, и тоа  3 лица од администрација, 1 лице наплатувач на паркинг, 2 лица инкасатори на зелен пазар и 2 лица општ комунален работник, и тоа по нивно барање. Претпријатието им излегло во пресрет на нивните барања  затоа што отценило дека нема да се наруши нормалниот тек на работата.

На прашањето -Дали  има нови вработувања во последниве неколку месеци од Грдски пазар со одговор дека од  преземањето на претпријатието на новата локална власт нема вработено ниту еден нов вработен на неопределено време. Додаваат дека  биле  ангажирани лица со договор на дело на месечно ниво но без да се наведе колкав е бројот на примени лица на тој начин. 

gradski pazarВо врска со финансиската кондиција на претпријатието, од Градски пазар посочуваат дека платите редовно се исплаќале а редовно биле сервисирани и обврските за тековни трошоци, со што моменталниот долг на претпријатието бил 150 000 денари.
 
Но и покрај, ваквата финансиска состојба, претпријатието не може да ги реализира најавените проекти. Велат тоа се должело на скромниот буџет а не можеле да очекуваат голема помош од локалната поради нејзината презадолженот. Но проектите не биле целосно напуштени туку се барале начини за привлекување на инвеститори со кои заеднички би ги реализирале.

Во врска со автопазарот, за кој многумина се прашуваа каква е економската исплатливот од негово отворање, од Градски пазар кратко информираат дека  интересот на охриѓани за негово користење се зголемувал од недела во недела.

gradski pazarИ на крај, во дописот се вели дека наводите на ТВМ дека не сме го добиле неговиот став не се точни и се напоменува дека во ЈП имало назначено лице за односи со јавност и за секоја информација можело да се достави прашање и до стручните служби. Дописот, на кој нема потпис дали одговорите доаѓаат од директорот Коталески или некој друг вработен овластен за комуникација со медиуми, се вели дека бил со цел да биде информирана јавноста а во интерес на вистината. 

Токму од тие причини, информирање на јавноста во интерес на вистината, ТВМ и се обидуваше да реализира прилог со директорот на ова јавно претпријатие, но нашите обиди беа безуспешни.  Комуникацијата со директорот на ова јавно претпријатие ни беше сведена на смс пораки и неколку кратки телефонски разговори во кои тој ни ветуваше дека ќе излезе пред камерата на ТВМ за потоа да не одговора на повиците. Во ниту еден момент директорот не не упати на лице за односи со јавност, ниту на било кој друг вработен од стручните служби.
Тоа е вистината а не се наводи. ТВМ останува отворена за соработка со сите јавни претпријатија и институции во интерес на информирање на јавноста. А јавноста заслужува подеднакво да биде информирана и за успешни приказни и сечење црвени ленти но и за проблемите кои се јавуваат во работењето.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top