Одлагањето на спроведувањето на Хасап системот нема да им ги реши проблемите на производителите и продавачите на прехрамбени производи, тврдат од Дирекцијата за храна.
Одлагањето на спроведувањето на Хасап системот нема да им ги реши проблемите на производителите и продавачите на прехрамбени производи, тврдат од Дирекцијата за храна.
Одлагањето на спроведувањето на Хасап системот нема да им ги реши проблемите на производителите и продавачите на прехрамбени производи, тврдат од Дирекцијата за храна. Од таму појаснуваат дека имаше доволно време за субјектите да ги испочитуваат стандардите кои ги налага овој систем. Законот е донесен уште во 2003 год. а во 2004 Министерството за економија на голем број од нив им помогна финансиски за да го воведат Хасп системот. Од 20 000 објекти кои треба да го имплементираат овој систем тоа го направија само 1000.
„Доколку владата не подлегне на притисокот од страна на Здружението на производство на храна и не направи некои отстапувања Хасап системот треба да се примени до крајов на годинава. После нова година следуваат санкции, вели д-р Божин Петрески од Дирекцијата за храна.“
Со Хасап системот треба да се направат седум чекори. Тоа можат да го направат и самите менаџери на претпријатието. Нема реални пречки за негова имплементација, велат од дирекцијата за храна. Мора еднаш да се стави крај во неправилностите при производството и продажбата на храна, додаваат од таму.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град