50 студенти од петте насоки на ФТУ Охрид, денска ги зедоа своите дипломи. Свеченоста на промоцијата на 42 тата генерација на дипломирани студенти на од овој факултет се одржа на Плаошник.
Педесеттина студенти од ФТУ од Охрид денес на свечен начин ги добија дипломите за завршено високо образование и тоа на Плаошник. Идните академски граѓани со нескриена возбуда50 студенти од петте насоки на ФТУ, денска ги зедоа своите дипломи. Свеченоста на промоцијата на 42 тата генерација на дипломирани студенти на овој факултет, се одржа на Плаошник. присуствуваа на овој чин земајќи го в рака парчето хартија кое треба да им ја гарантира нивната светла професионална иднина.
–Јас сум голем оптимист и се надевам дека дипломата нема да ми биде само парче хартија. Зaвршив со три години и од септември планирам да се запишам и на четврта. Завршив осигурување. Во Македонија сеуште не е развиено осигурувањето, но во иднина се надевам дека ние младите ќе имаме шанса да го развиеме на едно европско ниво, вели една дипломирана студентка.
-Оваа диплома ќе ни биде влез за професионален успех понатаму, вели друга студентка.
Деканот на ФТУ, проф. Д-р Сашо Коруновски рече дека станува традиција дипломите да ги доделуваат на Плаошник.
-Голема чест е токму на најсветото место во Македонија, место поврзано со образованието и знаењето и науката денес да промовираме уште една генерација на завршени студенти на ФТУ, рече деканот.
Деканот им посака понатамошни успеси на дипломците и ги покани да се приклучат на вториот и третиот циклус студии кои им ги нуди ФТУ. Toj кажа дека се поголем е интересот на студентите за запишување на постдипломски и докторски студии.
Проректорот на унивезритетот „Св. Климент Охридски“, проф. Д- р Пере Аслимоски на дипломците им посака што поскоро да дојдат до саканото работно место и да се реализират професионално.
Инаку, ФТУ промоција на своите завршени студенти врши два пати во гoдината, еднаш во деновите околу 8 ми декември и еднаш околу 24 мај.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град