Спортските риболовци реагираат

Белвицата се лови во време на нејзиниот мрест, а на пазарот се продаваат примероци од оваа риба со се икрата во неа, укажуваат од Спортско риболовен клуб „Св. Апостол Петар“. Тие апелираат до централната и локалната власт, и до граѓаните на Охрид и Струга да помогнат да се спречи, како што велат, истребувањето на белвицата во Охридското Езеро.

 |  Николоска Биљана  | 
belvica
белвица

Спортските риболовци реагираат за изловот на пастрмката и белвицата за време на нивниот мрест. Претседателот на СРК „Св. Апостол Петар“, Радован Димитриески, вели дека тоа го нема никаде во светот. За него е нејасно зошто се дозволува лов на белвица 6 дена,  во шпицот на нејзиниот мрест.

dimitrieski„Од 15 ти октомври до 1 ви декември со помош на експертите и со одлука на министерството се вршеше лов на белвица со мрежи кои се помали од предвидените. Со тоа се нарушија многу закони“ -вели Димитриески.

Димитриески е категоричен дека нема да молчат и дека со сите сили ќе се борат за заштита на рибниот фонд и покрај сите препреки и опструкции што им ги прават дел од субјектите кои се надлежни за рибарството.

„Сакам да препорачам на сите субјекти кои се зависни конкретно во рибарството кои имаат мува на капа и кои ни претат на разни начини и кои сакаат да не замолчат како невладин сектор и кои со разни уцени ни ограничуваат и простор на движење, дека нема да успеат во тоа, само ни даваат повеќе елан да работиме и да се бориме за заштита на рибниот фонд“.

Претседателот на охридскиот риболовен клуб цврсто стои на  ставот дека рибокрадството цвета во Охридското Езеро и оти вчерашната акција на МВР е само почеток на одмотување на клопчето на рибарскиот криминал, кој се случува пред очите на сите, неколку години наназад.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top