• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Дическа: Покажуваме дека може да се промени начинот на кој Охрид се грижи за своите жители

Дическа: Покажуваме дека може да се промени начинот на кој Охрид се грижи за своите жители

„Покажуваме дека може да се промени начинот на кој Охрид се грижи за своите жители, од сите села и населби, за децата, за младите, за постарите и оние на кои им е потребна посебно внимание, затоа што социјален град значи грижа за секој поединец кој го има својот дом тука“, истакна на денешната прес конференција Снежана Дическа, кандидатка за советничка од листата на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.

 |   | 

„Покажуваме дека може да се промени начинот на кој Охрид се грижи за своите жители, од сите села и населби, за децата, за младите, за постарите и оние на кои им е потребна посебно внимание, затоа што социјален град значи грижа за секој поединец кој го има својот дом тука, истакна на денешната прес конференција Снежана Дическа, кандидатка за советничка од листата на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Постојано ја негуваме солидарноста и меѓугенерациската почит и затоа во претстојниот мандат преземаме конкретни мерки за подобрување на условите за повозрасните лица, кажа Дическа.

За таа цел во слободни простории и објекти кои се под надлежност на локалната самоуправа предвидуваме отворање на пензионерски клубови опремени со основни услови за развој на социјалниот живот во оваа категорија граѓани. Просториите ќе бидат отворени од 10.00 до 20:00 часот, а тука пензионерите во близина на своите домови ќе можат да се дружат и да поминуваат пријатни денови во третото доба. Предвидуваме отворање на Центар за социјални услуги за изнемоштени и повозрасни лица, кој ќе нуди нега и помош во нивниот дом – најави Дическа.

Во соработка со Министерството за труд и социјална политика и лиценцирани организации за нудење социјални услуги, ќе овозможиме помош и услуги за повозрасни охриѓани во нивните домови, вклучувајќи одржување на хигиена, снабдување со намирници, основна здравствена нега и слично, напомена кандидатката за советничка.

Овој проект ќе го подобри животот на дел од нашите граѓани, но и ќе отвори нови работни места.  Планираме организирање и на локална поддршка постари лица при добивање информации, совети, обезбедување директна помош при контакти со социјални и здравствени работници и институции – кажа Дическа.

Имаме јасна визија и план за сите генерации, затоа на 17-ти октомври заокружете го бројот 12, гласајте за поубав Охрид, за инфраструктурно и модерно уреден град, порача Дическа.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top