Рај за комарците во Охрид. Можат слободно да оперираат затоа што прскање по се изгледа нема да има.
Локалната тврди дека за оваа намена има обезбедено пари, но само за својот терен.
Над Охрид летаат сини и портокалови комарци. Пролетва и тие се обоија во доминантните партиски бои. Се понеизвесно дали годинава ќе се изврши дезинсекција и дератизација. Додека недлажните се караат ,граѓаните се жалат.
Пари за дезинсекција и дератизација локланата самоуправа има обезбедено. Годинава планираме авионско прскање,но општинскиот завод за здравстевена заштита неможе да го направи тоа, тврди градоначалникот Александар Петрески.
„Преговараме но со голем дел од површината располага државата. Затоа мислиме дека државата треба да плати за трошоците за прскањето на својот дел, а за останатото ние“.
Утрово стапивме во контакт и со директорот на заводот за здравствена заштита. Тој видно револтиран од изјавата на Петрески, не сакаше денес јавно да говори.
Потсетуваме дека минатата година поради неусогласеност на институциите и неповолни временски услови не се изврши прскање против комарци во Охрид. Останува да се надеваме дека оваа година навреме ќе бидат завршени сите административни процедури и дека ќе се изврши запрашувањето против комарци, со што и охриѓани и туристите ќе можат мирно да спијат во топлите летни ноќи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град