Девојките се почесто мета на физичко и психичко насилство

Младите укажуваат на се почестата појава на љубовно насилство помеѓу нивните врсници.

 

 |  Валентина Нелоска  | 
tabla
табла

Младите укажуваат на се почестата појава на љубовно насилство помеѓу нивните врсници. Најчесто жртви во љубовните  врски  се девојките.

Тие се почесто се физички и психички малтретирани од своите партнери.
Иако присутна, оваа појава е табу тема. Младите тоа го притајуваат и не разговараат нити со другарите нити со родителите, најчесто срамејќи се од ситуацијата велат нивните врсници.
Тимот за подршка составен од волонтери на ОО Црвен крст, согледувајќи ги овие проблеми и последиците од зачестеното насилство помеѓу младите се одлучи да  преземе конкретни активности, за спречување на оваа негативна појава вели координатор на тимот Валентина Кузманоска.

ulicaЦелта е подигање на свеста кај младите за сопствените права и обврски кои ги имаат во една врска со партнерот и сакаме да кажаме „не“ на насилството во таа врска нагласува Кузманоска.  
За таа цел тимот за подршка на волонтерите од  Црвениот крст, ќе одржи две трибини  со наслов „Праг на толеранција во љубовта кај младите од 12 до 25 години“. Целна група на трибината се родителите и младите, а ќе бидат поканети и психолози и педагози од училиштата, невропсихијатри ,пресатвници од центарот за социјлани грижи и релевнатни институции инволвирани во решавање на овој проблем.
Јавните, интерактивни трибини ќе се одржат  на 11 мај со почеток во 19 часот во  Центарот за култура за родителите, а со младите трибината ќе продолжи во 21 часот во некое од охридските кафулиња.

 

{loadposition content9} 
                      
 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top