Емисијата „Охриде не бери гајле“ денес го прослави деветиот роденден која ја води познатиот актер и водител Жанко З’ш Голабоски речиси една деценија ги информира и забавува охриѓани на фрекфенцијата на охридското „Супер радио“.
Девет годинки постоење на радио проектот „Охриде не бери гајле“. Проект кој се емитува на фрекфенцијата на „Супер радио“ речиси една деценија ги информира и забавува охриѓани. Четиричасовната емисија ја води познатиот актер и водител Жанко З’ш Голабоски, а дел од тимот се и Тони Џомба и DJ Јане кои несомнено го создаваат најслушаниот радио термин во Западна Македонија.
„Девет години не се мала работа да го трпиш џомбава, шала настрана, и веќе кај луѓето стана навика, најнормално, добра музика, лесен муабет, без многу филозофирање, секојдневие. Дел сме на охридско струшкиот регион па и пошироко сега со интерентот се е блиску и ако не нема ќе требаше да не измислат“ вели Голабоски.
Голабоски објаснува дека континуирано работат на збогатување и менување на содржините на емисијата, се со цел емисијата да биде колку е можно поинтересна, бидејќи станува збор за емисија која трае четири часа, а не е толку едноставно да се задржи вниманието на слушателите. Жанко додава дека веќе имаат своја публика која станува секој ден се побројна, слушатели кои ги споделуваат своите проблеми, но и помагаат со тоа што информираат за некои интересни настани за кои биле сведоци сакајќи едноставно да споделат што виделе или слушнале со радио слушателите.
Радиото останува омилениот медиум на Голабоски, кој иако има и телевизиски ангажмани објаснува дека магијата која радиото ја поседува, тешко може да се спореди со било кој друг медиум. За музичкиот дел од емисијата „Охриде не бери гајле“ одговорен е Тони Ангелески алиас DJ Тони Џомба. Англески вели дека музичкиот избор во емисијата секогаш е работа на договор.
„Обично музичкиот избор секогаш го договараме со Жанко и претежно преовладува ретро музиката има и за помалдите генерации секаква музика, но најмногу сме познати по ретрото.Почетокот на емисијата беше со катастрофални песни, така ги викавме, тоа беа пејачи и автори кои не беа познати па направивме пауза и мислам дека ја актуелизиравме ретро музиката во градов“ објаснува Ангелески.
Покрај нив, тимот го дополнува и комплетната екипа составена од млади и талентирани луѓе кои секој работен ден во терминот од 08-12 часот носат ведрина во домовите на своите слушатели. Во новата сезона и секако во пресрет на летото, тимот на „Охриде не бери гајле“ и Супер радио ветува измени и освежувања.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град