Основците од четири општински училишта ги покажаа своите сообраќајни знаења.
Годинава во намален состав, но затоа со стандардно високи резултати се одржа општинскиот сообраќајно-воспитната манифестација „Детски семафор“. Организирањето на овој општински натпревар е дел од редовните активности на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.
Овој натпревар е воедно и подготовка и вид на селекција на учесниците за регионалниот натпревар.
„Општинскиот совет ја организира сообраќајно-воспитната манифестација „Детски семафор“, т.е општинскиот натпревар во кој учество зедоа четири основни училишта од општината и нормално целиот натпревар се организира според правилникот за одржување на „Детски семафор“. Тоа се редовни активности кои општинските совети ги спроведуваат во цела Македонија. Регионалниот натпревар ќе се одржи најверојатно на 19ти Мај, а државното првенство е закажано за 25ти Мај. Тие се одржуваат под покровителство на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.“-вели Томислав Тунтев од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.
Оваа година за жал на „Детскиот семафор“ учествуваа помал број на ученици за разлика од минатите години, но ништо помалку според квалитетот и постигнатите резултати.
„Вкупно учествуваа 24 дечиња, во четири екипи, беа толку расположени, со толку голем ентузијазам така што нас како на организатори ни беше навистина задоволство да учествуваме и овој пат во оваа сообраќајно-воспитна манифестација. Со оглед на тоа што на овој состав на општинскиот совет за безбедност овој месец му истекува мандатот, јас се надевам дека советот во наредниот состав ќе продолжи со ваквите активности кои ние во последните четири години активно ги организираме, се со цел да се подигне сообраќајната култура кај најмладите учесници во сообраќајот и да се зголеми барем за едно ниво безбедноста нивна, како рамноправни учесници во сообраќајот.“-рече Тунтев.
Инаку на овој општински натпревар учество зедоа екипите од основните училишта: Св. Климент Охридски, Кочо Рацин, Живко Чинго и Братство – Единство, а беа постигнати следните резултати:
Во екипен пласман:
Прво место – екипата на ОУ Кочо Рацин
Второ место – екипата на ОУ Живко Чинго
Трето место – екипата на ОУ Братство Единство
Во поединечен пласман, женска конкуренција:
Прво место – Каролина Ѓореска, ОУ Кочо Рацин
Второ место – Јована Јоноска, ОУ Живко Чинго
Трето место – Марија Јолеска, ОУ Кочо Рацин
Во поединечен пласман, машка конкуренција:
Прво место – Михајло Стефаноски, ОУ Живко Чинго
Второ место – Петар Вељаноски, ОУ Кочо Рацин
Трето место – Јован Плевнароски, ОУ Живко Чинго
Организаторот на општинскиот натпревар обезбеди признанија за сите учесници во натпреварот, а трите првопласирани екипи освоија пехари за прво, второ и трето место, додека во поединечна конкуренција, првопласираните ученици освоија велосипеди, второпласираните МП3 плеери, а третопласираните освоија заштитни кациги.
Со заштитна кацига беше награден и најмладиот учесник на денешниот натпревар, Кристина Јованоска од 5-то одделение од ОУ Живко Чинго.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град