Зa уништувањето на детските игралишта виновни се граѓаните пред се децата, но и службите од локалната кои не ги одржуваат и не се грижат за нив, обвинуваат охриѓани. Бараат посериозен пристап кон овие детски катчиња.
Детските игралишта каде што децата минуваат дел од времето во игра, се почесто безмилосно се уништуваат. Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, а сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме. Родителите, бабите и дедовците кои ги носат децата на игралиштата го осудуваат ваквиот унуштувачки однос.
Реквизитите во детските игралишта најчесто страдаат во вечерните часови под налет на агресивното однесување на децата од 10 години па нагоре. Искинати заштитни мрежи, откорнати лулашки и лизгалки е честа глетка во повеќето детски забавни паркови. Но не може да се занемари и негрижата на локалната која треба да ги одржува овие детски катчиња.
Ова игралиште од кога е направено шест-седум години еден човек од локалната не е дојден да го види во каква состојба е. Лизгалката од влијание на сонце , дожд , снег веќе е искршена и другите реквизити се уништени. Ова е првото игралиште што е направено во градов, а никој од кога го пуштија со големи помпи не го има видено какво е, вели Миле Кипариз, граѓанин на Охрид.
Од службата при Локалната самоуправа задолжена за одржување на детските игралишта од која пред извесно време побаравме информација дали редовно ги одржуваат 18-те детски и спортски игралишта во градот, до денес не добивме одговор. Објаснувањето беше дека темата е толку сложена што им треба уште време за да одговорат. Инаку, во моментов се работи на уште едно детско катче во близина на музичкото училиште.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град