Последна мета беше неодамна изграденото игралиште во населбата „Гоце Делчев“.
Кога ги нема, се жалиме зошто ги нема, а кога ги има не знаеме да ги чуваме. Детските игралишта низ градов се почесто мета на вандалски чинови. Последно на мета се најде неодамна изграденото детско игралиште во населбата „Гоце Делчев“. Само еден месец успеа да издржи недопрено и целосно функционално, но сега за жал веќе не е така. Најпрво настрадаа нишалките во игралиштето. Од локалната самоуправа велат дека ова не е прв ваков случај на уништување на забавните реквизити.
„Ние секако дека ќе го санираме овој искршен дел но не е добро да се трошат пари за иста работа, бидејќи иста таква справа можевме да ставиме на друго место. Тоа е одговорност и на луѓето кои што живеат на тие подрачја во овој случај кога се работи за населбата „Гоце Делчев“ да го чувствуваат тоа како нивно и да се грижат за безбедноста. Ние деновиве ќе го асфалтираме и делот на спортското игралиште и целото тоа игралиште ќе биде заградено со жица што ќе биде еден плус повеќе во обезбедувањето на игралиштето и на справите кои што се наоѓаат.“-рече портпаролот на локалната самоуправа, Симон Илиески.
Но игралиштето во оваа населба не е единствено, туку само последно во низата оштетени игралишта. Ништо покусо не останало и детското игралиште во населбата „Христо Узунов“.
Од локалната се обиделе на најразлични начини да ги заштитат овие игралишта. Велат дека најдобра заштита е поставување на чувари на тие локации, но дека за жал тоа е доста скапа солуција.
„Ние да ангажираме луѓе кои што ќе ги обезбедуваат тие објекти ние треба тие луѓе да ги плаќаме, а средствата кои ќе се потрошат за обезбедување на објектите тоа ќе значи едно игралиште помалку. Најдобро е како и секаде каде што во светот и во поразвиените градови тоа да го прави локалното население кое дури има места кои ние ги земаме како пример каде тие самите се грижат и во текот на една година барем два пати ги префарбуваат, ги дотеруваат, го расчистуваат просторот бидејќи тоа е наменето за нивните деца.“-вели Илиески.
И покрај овие проблеми, Илиески потврди дека локалната ќе продолжи со градење на вакви игралишта и во останатите подрачја и населби во градов.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град