Во сабота на Спортско Рекреартивниот Центар „Билјанини Извори“ со почеток во 19 часот ќе се одигра дербито помеѓу Охрид и Пелистер. Тоа ќе биде и крај на регуларниот дел од ракометната Супер лига. Се очекува добрар натпревар, во кој охрииѓаните ќе играат за престиж и подигнување на формата за плејофот.
Ракометарите на на РК Охрид утре ќе играат против битолски Пелистер. На СРЦ „Билјанини извори “ ќе се игра последниот дерби натпревар од регуларниот дел од Супер лигата во 19 часот. Крсте Андоноски, капитенот на охридскиот клуб рече дека иако овој натпревар нема големо резултатско значење, како тим ќе го дадат својот максимум.
„Ние сепак ќе играме за престиж и довоигрување на екипата, се надевам дека ќе апетитите на охридската публика и овој натпревар нака биде увертира за она што понатаму не следува во плејофот“ – вели Андоновски.
„Минатата сезона бев во Пелистер, тие имаат голем ростер, но сигурно ние нема, иако е без резултатско значење натпреварот, нема да излеземе со бело знаменце и да се предадеме ќе го дадеме нашиот максимум се подготвуваме добро за овој натпревар и да ја подигнеме формата за плејоф“ – изјави Иван Тасевски, пивотменот на РК Охрид.
На прес конференцијата присуствуваше и градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски. Тој истакна дека ракометниот клуб на Охрид заслужува да добие поддршка и очекувале добри резултати и во плејофот.
„ Утре не е безначајна утакмица, тоа така треба да го сватат и спортистите, затоа што тие всушност се финансирани со парите од граѓаните и затоа сум тука дојден и да ги поканам сите граѓани утре да му дадат поддршка на својот спортски клуб за да се оствари еден позитивен резултат кој ќе претставува извонреден мотив понатака во разигрувањето во плејофот“.
Ракометниот клуб Охрид заедно со битолските екипи Пелистер и Еурофарм Работник и Пролет и Металург ќе го предизвикуваат Вардар кој ќе ја брани титулата во Супер лигата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град