Се чисти депонијата на Мауцкер

Се подготвува теренот за изградба на индустриска зона на Мауцкер. ЈП „Комуналец“ започна со чистење на дивата депонија која години наназад нелегално се создаваше. Одведувањето на ова ѓубре од депонијата Мауцкер на Буково за општината преставува нова финансиска потешкотија и нов товар, вели секретарот на општината, Димитар Спасески.

 |  Јаковлева Лионела  | 
maucker
мауцкер

Се чисти депонијата на Мауцкер. Екипи на Јавното претпријатие „Комуналец“ започнаа со интензивно чистење на градежниот шут и на останатиот отпад кој години наназад нелегално се депонирал таму. Секретарот на општината, Димитар Спасески вели дека иако ова место било одредено само за времено депонирање на градежен шут тоа било злоупотребено и од некогашните раководства на ЈП „Комуналец“ и од граѓаните.димитар спасески

Многубројните раководства особено во ЈП „Комуналец“ под превезот на „Чист Охрид“, за да си прават помали т-ци за депонирање на отпадот превземале недозволени активности  и на ова место го депонирале отпадот така што со тек на годините тоа станало поголема депонија од онаа на Буково, обвинува Спасески.

Спасесаки се чуди како вакво нешто дозволиле екологистите во градов кои треба да се грижат за зачувување на животната средина. Секретарот рече дека вака било уништено и студенчишкото блато кое сега е речиси затрупано со градежен шут. Комуналец ќе го подига сметот од Мауцкер и ќе го носи во депонијата на Буково.maucker

Одведувањето на ова ѓубре од депонијата Мауцкер на Буково за општината преставува нова финансиска потешкотија и нов товар . Но и покрај тоа Градоначалникот веќе издаде налог до ЈП „Комуналец“ да ги превземе сите мерки  и активности за расчистување на оваа депонија и отпочнување со градба  на индустриската зона, рече Спасески.

Инаку, секретарот  кажа дека комплетната проектна документација за изградба на индустриската зона која била обврска на Локалната  е завршена и е предадена до Министерството за транспорт и врски. По добивањето на согласност од министерството,  Советот на општината ќе ја донесе урбанистичката планска документација по што може да започне со изградба на  индустриската зона каде треба да бидат сместени локалните бизнис капацитети.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top