Депонии со шут никнуваат над елитната населба Лагадин

На патот  Охрид – Св Наум, веднаш над елитната населба Лагадин, се  одлага градежен шут и земја.

 |  Валентина Неловска  | 
Lagadin
Лагадин

LagadinНа патот  Охрид – Св Наум, веднаш над елитната населба Лагадин, се  одлага градежен шут и земја.  Просторот кој се загадува од несовесни превозници се наоѓа во рамките на Националниот парк Галичица. За безмилосното еколошко  уништување на овој предел кој се наоѓа во непосредна близина на езерскиот брег реагираат граѓаните. Потенцираат дека е жално што институциите не преземаат мерки за спречување на загадувањето на околината.
Додека во јавноста граѓаните загрижено го посочуваат проблемот, од националниот парк не знаат за него. Директорот на Националниот парк „Галичица“, Зоран Анѓелоски  признава дека не знае за депонирањето на градежен отпад во Лагадин. Ангелески кажува дека иако немаат законска обврска паркот постојано се чисти во многу негови делови. Но, и покрај овие мерки и едукација на населението во паркот никнуваат слични депонии. Тешко се справуваваме со овој проблем  нагласува Ангелески. Потребно е сеуште да се работи на едукација на населението. Службите ги чистат нападнатите места во паркот, но преку ноќ се создаваат нови депонии со ваков цврст отпад. Укажува дека во изминативе две години на територијата на паркот подигнале над 400 камиони со шут. Лани до општинскиот инспекторат поднеле пријави, но не вродиле со резултат. Многу тешко се откриваат сторителите затоа што градежниот отпад се депонира претежно ноќе истакнува Ангелески .
Сепак , од националниот парк апелираат на заедничка соработка со ренџерските патроли, медумите и населението кое живее во рамките на националниот парк да придонесат за што поголема заштита на природните богатства. НП Галичица се протега на површина од 25ооо хектари и  голем дел од него се наоѓа под заштита на Унеско.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top