Депоата на Плаошник кријат богата археолошка поставка

Нема да се чека изградбата на Музејот за да можат да се видат експонатите. Оние кои се конзервирани можат да се видат и сега, најави Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска.

 |  Јаковлева Лионела  | 
пештани
пештани

Нема да се чека изградбата на Музејот на Плаошник за да можат да се видат експонатите. Оние кои се конзервирани можат да се видат и сега, најави Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска. Во Музејот на Плаошник треба да бидат изложени музејските предмети откриени при повеќегодишните археолошки истражувања на Плаошник, ќе бидат изложени највредните икони од Галеријата на икони, епиграфските споменици, старите ракописи, а ќе има и сала каде ќе бидат организирани повремени изложби.  Моментално археолошки истражувања се прават на местото каде што треба да никне богословскиот факултет, а сето што е досега пронајдено се конзервира и се наоѓа во депоа.kanceska

Сакам да информирам дека паралелно со завршувањето на археологијата завршена е и конзервацијата на сето она што е пронајдено во рамките на истражувањата на овој значаен локалитет. Имавме можност да слезиме долу во депоата и да го видиме целокупниот материјал кој е огромен, вели министерката.канческа

Инаку, министерката кажа дека програмата на Националната установа Завод и музеј речиси веќе е реализирана. Многу проекти предвидени за оваа година или се завршени или се при крај. Завршен е проектот за обнова на старите фасади. Трите фасади на куќите кои се наоѓаат во непосредна близина на чинарот веќе се промовирани.

Во однос на фасадите сакам да кажам дека во изминатиов период се направени уште седум фасади кои се целосно готови и се ставени во функција, а направена е и куќата на Ајри Доко која од темел се реконструираше, рече Милевска.

Министерката кажа дека во завршна фаза се и работите на локалитетот Манчевци кој треба да биде промовиран оваа есен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top