Денови на ветеринарна медицина

Законот за заштита и благосостојба на животните во нашата земја постои, но колку истиот се спроведува, тоа е друго прашање.

 |  Крсте Голабовски  | 
klanica
кланица

Почитувањето и спроведувањето на Законот за заштита и благосостојба на животните, здравствената заштита на животните и безбедноста на храна, се само некои од темите за кои  деновиве македонските доктори по ветеринарна медицина, активно ќе дискутираат. Проф Д-р. Дине Митров, декан на Факултетот за ветринарна медицина, вели дека со овој закон, кој скоро две години е стапен на сила, се опфатени сите сегменти, од чување на животните, па се до нивниот транспорт. Со него исто така се одредени и казнените мерки, но колку истиот се почитува, тоа не би можел да го кажам, додава Митров.

Со тек на време мислам дека казнените мерки и новитети во Законите за благосостојба на животните ќе дојдат и кај нас. Точно е дека и ние во државата пред година и половина, две, имаме Закон за благосостојба на животните, е сега друго прашање е колку инспекциските органи и останатите органи и сите задолжени тоа да го спорведуваат, навистина го прават тоа. Инаку законот е модерен, превземен од европските закони, што е и услов да одиме онаму кон каде стремиме, кон Европа и опфатени се сите теми“, дециден е Митров.

klanicaДругата тема за која ќе стане збор, а е доста актуелна во Европа и во светот, е Ветеринарно јавно здравство и безбедноста на храната. Станува збор за еден концепт кој е актуелен во светот, односно за здрава храна од нивата па се до трпезата. На прашање за тоа колку во нашата земја функционираат кланици, и тоа кланици кои работат запазувајќи ги сите нормативи и критериуми, Проф Д-р. Митров вели дека, кланиците кои се регистирирани за таа намена навистина ги исполнуваат тие строги критериуми, бидејќи и најголемиот број од нив имаат и извознички бројчиња и може да извезуваме во Европа.

Така да со сигурност можам да кажам дека тоа што излегува од таквиот тип на кланици, навистина е со квалитет како на европските пазари. Не би ги коментирал другите варијанти каде се и како се коли и самите претпоставувате дека има и диво колење во државата, меѓутоа работата оди на подобро мислам дека до крајот на годинава и почеток на идната нема да имам никаква шанса да се коли мимо регистрираните кланици кои ги исполнуваат сите овие нормативи, ХАССАП и се што следи“, вели Митров.

kucinjaИнаку сите теми за кои ќе се дискутира на научна конференција „Денови на ветеринарна медицина“ ќе бидат всушност и од најактуелните ветеринарни области, како здравствената заштита на животните, каде акцентот ќе биде ставен на производството на млеко, и биохемиските параметри во краварството кои пак влијаат на млекопроизводството. Доста актуелна тема на која ќе се говори, а е поврзана со здравствената заштита, односно паразитологијата. Станува збор за многу актуелна тема која е поврзана со животните кои ги имаме во нашата држава, а акцентот ќе биде ставен на домашните миленици.

Моментално на научната конференција во Охрид се присутни странски предавачи од повеќе европски земји, како Холандија, Велика Британија, а не смее да исклучи присуството и на предавачи  од земјите од соседството како Србија и Хрватска.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top