Денска е светски ден на слепите лица

„Денеска нема да имаме посебни активности, затоа што ние сме активни преку цела година“, вели Славчо Џајкоски, претесадтел на здружението на слепи лица.

 |  Татјана Маленкова  | 
slepo lice
слепо лице

„Денеска нема да имаме посебни активности, затоа што ние сме активни преку цела година“, вели Славчо Џајкоски, претесадтел на здружението на слепи лица.

slepo liceСветскиот ден на слепите лица, 15 октомври, Општинската организација на слепи лица од Охрид не го одбележува посебно. „Иако овој ден е светски признат, ние не чувствуваме потреба за специјално организирање на нашето членство, бидејки за нас секој ден е одбележан на свој начин, вели претседателот на здружението на слепи лица, Славчо Џајкоски.  Тој додава дека приоритет на  здружението е откривање на нови слепи лица, нивно вработување и пензионирање. Исто така постојано ги решаваме нивните социјални прашања, затоа што оваа категорија на граѓани во главно луѓе кои не се работо способни, па поради тоа се социјални случаи, додава Џајкоски.

Бенефиции добиваме од страна на државата, околу плаќање на одредени сметки, но тие не се доволни. До скоро нашите членови, советот при локаланата самоуправа ги имаше ослободен од плаќење на надоместок за вода, но пред неколку месеци оваа одлука беше укината, вели Џајкоски.

За нашите потреби, имаме разбирање од страна градоначалникот, но треба уште повеќе затоа што се соочуваме со премногу бариери. За поздравување е поставувањето на рампи на тротоарите, зувучните семафори кај гимназијата. Треба да се има во предвид дека движењето  на слепите по последно време е се поотежнато, поради ниската ообраќајна култура во градов вели Џајкоски. Тој додава локаланата самоуправа покажува слух и пружа помош на оваа категорија граѓани, но тоа не е доволно.
Инаку  Здружението на слепи лица во Охрид брои 90 лица, а во Дебар 17. Членовите на ова здружение во текот на годината имаат доста активности, Познати се по Разните спортски манифестации, музичките смотри,  посебно се истакнуваат на полето на шахот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top